Kawasaki ја проширува гамата на KLE500 за 2027 година со новата Smartride технологија
Една година по првичното претставување, Kawasaki го освежува својот модел KLE500 за 2027 година, воведувајќи...
Petronas SRT ги претстави новите мотоцикли со кои ќе настапат во сезоната 2019. За време на презентацијата која се одржа во Куала Лумпур, тимот покрај Yamaha MotoGP машините со кои ќе настапат Франко Морбидели и Фабио Куартараро, ги прикажа и Moto2 и Moto3 мотоциклите со кои ќе настапат Каурил Идхам односно Џон МекФи и Ајоми Сасаки.
Како што се засилуваат подготовките во пресрет на новата сезона, екипата на Pata Yamaha започна соработка со Motul кој ќе стане нивен официјален снабдувач со лубриканти. Разговаравме со првиот човек на тимот, Пол Денинг, кој ни откри како се одвиваат подготовките на тимот и како дојде до соработката со Motul.
Австралиецот Тоби Прајс победи на Релито Дакар 2019. 31 годишниот возач ги надмина сите очекувања откако целото рели го возеше со повреда на раката. Ова е втора победа на Дакар за Прајс откако истото му успеа и во 2016 година. Во 2017 година ја скрши ногата на четвртата етапа а минатата година заврши на второто место.
Сега откако пред-сезонските програми веќе се финализирани и се знаат целите за сезоната 2019, разгледавме што му е потребно на секој тим во сезоната која претстои. За време на заедничката прес конференција на сите тимски менаџери, секој од шефовите на екипите откри какви им се приоритетите во текот на зимските тестови.
MotoGP сезоната 2019 претставува нов почеток за возачот на Petronas Yamaha, Франко Морбидели. Поранешниот Moto2 шампион премина од тешката за возење Marc VDS RC213V машина на фабричката Yamaha која треба да биде иста со онаа која ја има неговиот ментор и менаџер, Валентино Роси.
Една патент апликација која ја забележа Бен Пурвис ни најавува дека Honda планира својата „ Variable Valve Timing “ технологија да ја примени и кај превозните средства на две тркала. Дизајните кои ќе го содржат софистицираниот VVT систем можат да се најдат кај новиот CBR модел.
Хорхе Лоренцо вели дека не е сигурен дали ќе може да се бори за титула за време на неговата прва сезона во Repsol Honda. Пет кратниот Светски Шампион се најде на насловните страни на сите светски медиуми откако одлучи да премине од тимот на Ducati во фабричката екипа на Repsol Honda. Следната година, тој ќе биде тимски колега со актуелниот шампион Марк Маркез.
Triumph има навистина добри мотоцикли. Но, мораме да признаеме дека само неколкумина од нив навистина се издвојуваат. На пример Rocket III, кој беше еден од најдобрите мотоцикли кога за прв пат се појави во 2004 година. Можеби беше малку тежок и развиваше 145кс, но „ѕверот“ едноставно беше мотор кој привлекува внимание на улица.
Кај трофејот Андрос не се работи само за автомобили. Мотоциклите од AMV купот се голем дел трките секој викенд. Доколку сакате да дознаете повеќе за трките по мраз, нема подобра личност со која би можеле да разговарате отколку со осум кратниот шампион и бранител на титулата, Силвиан Даберт.
Во 2018 година имаше голем број на интересни мотоцикли кои се појавија на пазарот. Некои од нив беа сосема нови а некои пак беа подобрени верзии на веќе актуелни модели. Иако имаме навистина добро мислење за моделите како што се Norton Atlas, BMW S1000RR и Aprilia RS 660, некои мотоцикли ни го привлекоа вниманието со тоа што беа сосема неочекувани, технолошки напредни и едноставно луди.
Дмитри Колтаков е осум кратен шампион во „ Ice speedway “ тркањето. Ова е спорт во кој возачите возат по мраз со остри шила закачени на нивните гуми. Има посебна причина поради која ги нарекуваат гладијатори. Ние имавме можност да разговараме со еден таков натпреварувач за да дознаеме нешто повеќе за овој спорт.
Откако првично беше откажана, трката во Лагуна Сека се враќа на календарот за сезоната 2019. Првите луѓе на патеката не можеа да ја договорат датата за оддржување на трката со претставниците на Dorna, кој сакаа настанот да се оддржи во Август, односно истиот викенд кога на патеката ќе се оддржи трка со автомобили. Сега е договорено оваа трка да се оддржи викендот од 12-ти до 14 Јули.