Макс Биаџи започна соработка со Venturi and Voxan со цел да го урне брзинскиот рекорд со електричен мотоцикл.

Макс Биаџи започна соработка со Venturi and Voxan со цел да го урне брзинскиот рекорд со електричен мотоцикл. Шесткратниот светски шампион кој во моментов има сопствен тим кој е дел од Moto3 серијата и е амбасадор на Aprilia, ќе настапи со Voxan Wattman во обид да ја урне бариерата од 330 км/ч.

Обидот ќе се случи следното лето во Боливија.

Актуелниот рекорд за електричен мотоцикл кој има тежина помала од 300 килограми изнесува 327.608 километри на час и го постави Џим Хугерхајд кој во 2013 година настапи со Lightning SB220.

Max Biaggi Txt 08 04

„Отсекогаш сум сакал предизвици“, изјави Биаџи. „Кога мојот пријател, Гилдо Пастор ми ја откри неговата идеја, беше очигледно дека ќе прифатам. Гилдо е пионер и експерт за електрична мобилност. Под негова надлежност, Venturi Automobiles постави голем број на рекорди. Горд сум што го преземам овој нов чекор во мојата кариера под боите на Venturi and Voxan“.

„Инжинерите и дизајнерите се неверојатно мотивирани а надминувањето на рекордот ќе преставува дополнителен доказ дека овој тим е експерт во своето поле.“

Гилдо Пастор, кој е претседател на Venturi and Voxan е пресреќен што Биаџи ќе биде дел од тимот и верува дека таа комбинација ќе го донесе посакуваниот резултат.

„Го знам Макс 15 години и ги делиме истите вредности и пасија“, изјави Пастор. „Денеска донесовме одлука за заедничка соработка на проект кој ни е многу близок на обајцата.“

„Чест ни е што му го доделуваме Voxan Wattman на возач кој е дел од мото историјата. Мораше Макс да биде оној со кој ќе се обидеме Venturi and Voxan да го внесеме во историјата.“

„Голем е предизвикот да се надмине границата од 330 км/ч со електричен мотоцикл но уверен сум дека можеме да го постигнеме тоа. Мојата верба во електромобилноста не ме напушти ниту по 20 години.“

Back To Top