Андреа Довициозо не сака да му посвети големо внимание на резултатот од првите три трки од новата сезона. Од она што можевме да го видиме во Катар, мотоциклите на Ducati беа најбавни во свиоците.

Возачот кој никогаш не сака предвреме да носи заклучоци, Андреа Довициозо, верува дека најдобрите возачи нема да се издвојат од останатите се до трката која се вози во Франција. Италијанецот смета дека првите неколку трки од сезоната, Катар, Аргентина и Тексас, се оддржуваат на чудни патеки а дури кога серијата ќе се префрли во Европа, најпрво во Херез а потоа и во Ле Ман, ќе може да се забележи кои возачи се издвојуваат.

„Патеката во Катар е многу чудна и мислам дека ќе треба минимум да почекаме до трката во Ле Ман“, изјави Довициозо кој успеа да победи на трката во Лосаил со разлика од само 0.023 секунди во однос на второпласираниот Марк Маркез.

„Од она што можеме да го видиме, сите возачи се блиску еден до друг. Тоа значи дека ако во текот на викендот работите не ви се одвиваат како што посакувате, тогаш можете да загубите многу бодови. Поради тоа мораме да останеме приземјени и да работиме најдобро што можеме.“

Doviciozo Txt 21 03

Анализирајќи ги перформансите на новиот GP19 за време на пустинската трка, Довициозо вели дека недостатокот од брзина во свиоците ќе им преставува проблем во текот на целата сезона.

„Мотоциклот има одредени предности, но кога сме на средина на свиокот ние сме најбавни“ , објасни тој. „Имаме добра брзина и моќност кога сме на правец и тоа ни дава можност да направиме разлика.“

„Но, за да бидеме добри во текот на сите 19 трки, мислам дека нешто ни недостасува. Не знам што е тоа а навистина е тешко да се разбере ситуацијата на Honda. Се чини дека тие имаат мала предност во споредба со минатата година, имаат малку поголема моќност, но треба да видиме како ќе се одвиваат работите и кога возиме на поинакви временски услови.“

Иако Довициозо се води како победник на трката во Катар, таа се уште не е официјално потврдена и се чека конечната одлука која треба да ја донесе Апелацискиот суд задолжен за MotoGP.

Back To Top