Андреа Довициозо го поздрави напредокот кој Ducati го покажа на патеката во Аргентина иако во последниот круг загуби од Роси во борбата за второто место.
Освен Андреа Довициозо, ниту еден друг возач не успеал да го победи Марк Маркез во последниот круг. Но дури и возачот на Ducati знае дека има викенди кога возачот на Repsol Honda едноставно е недостижен.
Еден од тие моменти имаше и на трката во Термас де Рио Хондо кога актуелниот шампион уште на самиот старт успеа да направи недостижна предност во однос на неговите ривали.
„Кога Маркез вози така, немаме никакви шанси со него“, изјави Довициозо. „За жал, тоа е е ништо ново.“
„На некои трки мораме да ја видиме поголемата слика и само да се обидеме да освоиме поени.“
Под такви услови, максимално би било второто место, кое му беше на дофат на Довициозо. Возачот на Ducati постојано беше следен од Валентино Роси а во свиокот број седум тој му остави и доволно простор да го претекне.

„Нашата цел беше место на подиумот и успеавме во тоа. Задоволни сме што стигнавме до победа на патека која не ни одговара. Сепак, не сум задоволен од тоа како функционираа пневматиците во текот на трката“, објасни Довициозо.
„Во последните десет круга не можев да бидам доволно брз и да направам доволна предност. Валентино имаше доволно време да види како возам и да се обиде да ме претекне во последниот круг.“
„Задоволен сум и од третото место но мораме да ги анализираме сите податоци од трката. Многу е важно да видиме каде можеме да се подобриме.“
Во секој случај, ова е големо подобрување во споредба со трката која се возеше минатата година на истата патека.
„Минатата сезона, без за речиси една секунда побавен од денеска. Мислам дека имаме голем напредок и токму затоа целта ни беше место на подиумот. Успеавме во тоа“ , изјави Довициозо. „Затоа мораме да бидеме среќни.“
„Се бориме со одлични возачи и постојано бев на второто место. Минатата сезона завршив на шестата позиција но голем дел од возачите правеа луди работи. Затоа мислам дека подобрувањето е огромно.“
Во генералниот пласман, Довициозо сега заостанува четири поени зад Маркез.

Коментари