Андреа Ианоне признава дека не очекувал да заостанува 14 секунди зад победникот на неговата прва трка во тимот на Aprilia. „Оваа група на луѓе е силна и имаме јасна слика што треба да подобриме. Мислам дека имавме добар старт.“

Дури ниту дислоцираното крило не успеа да го спречи Андреа Ианоне да ја има својата деби трка во тимот на Aprilia. Италијанецот смета дека неговиот прв настап во новиот тим поминал навистина добро.

Во текот на зимската пауза, тој имаше добри и лоши моменти. После контактот кој го имаше со Франко Морбидели за време на трката во Катар, неговиот мотоцикл претрпе оштетување и трката мораше да ја заврши со мотоцикл кој немаше добар баланс.

Iannone Txt 1 25 03

Тој продолжи да вози и имаше интересна борба со Хортхе Лоренцо, кој исто така имаше деби настап во новиот тим. На крајот, сепак Шпанецот беше подобар. Заостанувањето до 14 секунди зад победникот како и работата на луѓето кои се дел од тимот, беше она што го импресионираше Ианоне.

„После завршувањето на трката загубив контрола над предниот дел. Целосно се промени температурата на предната гума и поради тоа паднав. За среќа тоа се случи после трката.“

„Ова беше добар резултат со оглед на тоа дека ова е наша прва трка. Задоволен сум од резултатот бидејќи после контактот кој го имав со Морбидели во првиот свиок го оштетив мотоциклот.“

„Но во секој случај работевме многу напорно во текот на целиот викенд. Малку по малку се подобруваме и навистина сум среќен од луѓето кои се покрај мене. Оваа група на луѓе е силна и имаме јасна слика што треба да подобриме. Мислам дека имавме добар старт.“

„Имам добро чувство за мотоциклот. Успеав да напредувам неколку позиции. На стартот бев деветнаесети но после првиот свиок имав контакт со Морбидели и го оштетив левото крило. Речиси целата трка ја поминав така и мотоциклот немаше добар баланс. Беше навистина чудно.“

„Но и покрај тоа сум задоволен од својот настап. Ова е само прва трка а досега за жал не успеав да поминам повеќе време со мотоциклот. “

„Благодарен сум му на тимот како и на сите останати кои работеа со мене. Имаме силна група и тоа е навистина важно.“

Iannone Txt 2 25 03

За предностите кои ги има RS-GP, Ианоне изјави: „Во последниот дел од трката, последните шест или седум круга, имав малку проблеми со сопирачките. Не можев добро да ја намалам брзината.“

„Но дадов се од себе. Конзистентен сум во текот на целата трка и тоа е важно. Добро внимававме и на пневматиците.“

Во однос на трката која ќе се одржи во Аргентина, 29 годишниот возач признава дека сепак се уште се далеку од борба за победа или пак место на подиумот. Засега, како што вели, единствена цел им е постепено да се подобруваат.

„Се сеќавам дека во минатото Алеш на трката во Аргентина беше навистина брз. Се надевам дека и оваа година ќе успееме да бидеме блиску до најдобрите возачи. Нашиот приоритет е постепено да го подобруваме мотоциклот. Во моментов, не можам да победам на некоја трка или пак да се искачам на подиумот. Но имаме јасна цел пред нас. Од трка во трка да го подобруваме мотоциклот.“

Back To Top