Чез Дејвис призна дека направил грешки при подготовката на новиот  V4 Ducati во пресрет на стартот од Супербајк сезоната. Вели дека неговата самодоверба продолжува да расте.

Чез Дејвис призна дека направил грешки при подготовката на новиот  V4 Ducati во пресрет на стартот на Супербајк сезоната. Вели дека неговата самодоверба продолжува да расте пред оддржувањето на трката која ќе се вози во Арагон овој викенд.

Во досегашната кариера, Дејвис има постигнато седум победи на Шпанската патека, двојно повеќе од било кој друг возач. Поради повредта која ја имаше минатата сезона, возачот кој доаѓа од Велс, го пропушти периодот потребен за адаптација на мотоциклот. Сепак вели дека малкуте поени кои ги освои на првите шест трки не се должат на неговите здравствени проблеми.

„Полека но сигурно го подобруваме мотоциклот“ , изјави Дејвис кој имаше добар настап на последната трка во Тајланд пред да се појават механичките проблеми. „Мотоциклот станува многу поудобен и постепено ги откривам неговите предности.“

„Но признавам, дефинитивно направив неколку грешки во текот на зимата, најмногу со електрониката, шасијата и позицијата на возење. Мислам дека малиот број на бодови се должи на комбинацијата од недоволна подготвеност и малку извозени кругови.“

Chaz Davis txt 05 04 copy copy

Стартот на новата сезона е многу поразличен во споредба со минатите години. Неговиот тимски колега, Алваро Баутиста има фантастичен старт и со новиот мотоцикл стигна до шест победи.

„Од страна на фановите, работите се многу поинтересни “, вели Дејвис во однос на фактот дека Ducati во првите неколку трки го победи шампионаскиот тим на Kawasaki. „Но ајде да видиме како ќе продолжат да се одвиваат работите.“

„Алваро е единствениот кој врши притисок. Да не е он, Реа повторно ќе победуваше на секоја трка. Иста беше ситуацијата со мене и Џони во изминативе неколку години. Би можело да се каже дека доколку не беше Реа, јас ќе победев на секоја трка.“

„Но ајде да не зборуваме за првите неколку трки. Ајде само да го стигнеме Алваро!“

Исто како и во минатото, трката во Арагот ќе значи и старт на Европскиот дел од шампионатот. Првите трки од сезоната се возеа во Австралија и Тајланд.

Back To Top