Мотоцикли

Aprilia RS 660 ни пристигнува како модел за сезоната 2020

Кога Aprilia RS 660 концептот дебитираше минатата година на EICMA, во суштина видовме три работи.

Следете нè на:

 

Кога Aprilia RS 660 концептот дебитираше минатата година на EICMA, во суштина видовме три работи. Една беше новата платформа која се базира на parallel-twin мотор. Втора работа беше суперспорт моделот со средна тежина, а третиот дел беше активниот концепт на аеродинамика.

Нашите извори ни откриваат дека токму овој аеродинамичен пакет ќе се најде кај новата генерација на Aprilia RSV4 супербајк моделот кој очекуваме да го видиме во 2021 година. Исто така, знаеме и дека Aprilia RS 660 ќе биде првиот модел на новата платформа и тој ќе дебитира како модел за сезоната 2020.

Aprilia RS660 concept 02

За ова добивме потврда и од Aprilia кои велат дека мотоциклот ќе биде преставен на EICMA шоуто кое ќе се одржи во Милано кон крајот на годината. Кон крајот на минатата година, забележавме тестирање на два модели на Aprilia RS 660. Едниот е тркачката верзија, а другиот е наменет за возење по улица.

Заедно со RSV4 архитектурата, очекуваме Aprilia RS 660 да има поголема моќност но и подобра електроника. Важно е да се зборува и за цената. Дали ова ќе биде мотоцикл кој ќе чини 10 000 долари и кој ќе биде вистинска конкуренција на 600cc supersport и 650cc super-twin мотоциклите? Или пак тој ќе му биде ривал на Ducati SuperSport?

Времето ќе покаже кои од овие две работи ќе се исполнат.

Се верува дека овој модел ќе биде основа за барем неколку идни мотоцикли но мора да е напомене и дека Aprilia знае да има навистина агресивна цена за овие 660 машини.

За неколку месеци ќе дознаеме повеќе информации.

Би можело да ве интересира

„Се обидовме да работиме на електрониката. Исто така најдовме и подобар баланс во споредба со минатата година. Мотоциклот работи подобро.“ - Валентино Роси.

Се повеќе и повеќе земји ширум светот сакаат да станат дел од MotoGP.

„Не е случајност и не се работи само за една трка. Од минатата година на патеките во Мисано и Арагон, постојано се наоѓаме блиску до подиумот“ – Давиде Бривио.

Мојата главна цел е да се обидам и да дојдам до место во некој фабрички тим. Би сакал тоа да биде Ducati.

Организаторите на релито Дакар објавија дека познатата трка од Јужна Америка ќе се префрли во Саудиска Арабија.

„Имавме поинаков проблем во споредба со вчера“ – лошиот старт на сезоната за Хорхе Лоренцо продолжи и на патеката во Тексас.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.