(Време на читање: 2 - 4 минути)


Сите оние кои го прифатиле моторџискиот начин на живот, чувствуваат неодолива привлечност за возење на своето милениче на две тркала, а од оваа страст често знаат да се „заразат“ и нашите деца.

Од лично искуство знам дека моите деца обожаваат да се возат, можеби и повеќе од мене! Сакам да ги повозам и да го споделам тоа убаво искуство со нив, но сепак има неколку работи кои треба да се земат во обзир пред да ги качите вашите деца на мотор.

dete na motor1Со мото грип појасот детето е безбедно врзано за возачот

Патнички правила

Осигурете се дека вашиот млад сопатник ги знае и ги разбира правилата и советите за сопатници. Погрижете се да знаат каде треба да се држат, дека не треба да прават нагли движења и да знаат дека треба да седат мирно на седиштето. Ова се вообичаени правила кои важат и за возрасни сопатници но важно е кога се работи за деца овие правила да им се објаснат на начин разбирлив за нив.

Смее ли дете да биде совозач? Да, според законот за безбедност на сообраќајот во Македонија: На мотор смее да се превезува дете над дванаесетгодишна возраст, притоа детето мора да може да ги достигне ногарките.

Одговорности на возачот

Кога возите дете со вас на мотор мора повеќе да внимавате на него бидејќи децата имаат тенденција повеќе да мрдаат за разлика од возрасен сопатник. Тие често си играат кревајќи ги рацете во воздух (како божем ние никогаш не го правиме тоа). Од лично искуство знам дека децата повеќе зборуваат за разлика од возрасните сопатници и повеќе се возбудуваат од работите што ги гледаат додека се возат.

Бидете свесни дека брмчењето на вашиот мотор има тенденција да ги успива сопатниците. Оваа е поголем проблем кај децата сопатници затоа што тие се полесни и помалку можеме да ги почувствуваме нивните движења, па лесно може да се случи детето да падне на страна, затоа треба да внимаваме постојано на нив и да се трудиме да им ја задржиме концентрацијата.

Заштитна облека

Иско како и за нас, и децата треба да се облечени во заштитна облека за на мотор. Многу од специјализираните брендови за моторџиска опрема произведуваат заштитна облека за деца. Секојпат кога ги качувате на мотор осигурајте се дека се соодветно облечени, а доколку не сте во можност да набавите вистински моторџиски алишта, осигурајте се барем да носат долги панталони (тексас), јакна со долги ракави (тексас или кожна), ракавици со цели прсти, добри и квалитетни чевли, и добра кацига со соодветна големина и сертифицирана за квалитет и сигурност. Сите овие работи можете да ги набавите во нашите продавници за мотори и мото опрема, или преку интернет.

Можеби звучи чудно но едно важно парче на опрема за возење се пар квалитетни очила за сонце. Сончевото ултравиолетово (UVзрачење може да биде доста штетно за незаштитените очи, и скоро половина од експозицијата на UV зрачењето се случува пред 18-тата година од животот. 

dete na motor

Младите очи пропуштаат повеќе UV зраци и добиваат поголема изложеност, исто така децата поминуваат повеќе време надвор и тоа најчесто без никаква заштита. Добрата вест е дека квалитетни наочари за сонце за деца денес се лесно достапни во скоро сите специјализирани продавници, а може да се најдат и квалитетни кациги со мал број (XS, XXS) кои имаат вградени очила.

Децата се возат зад вас

Без разлика на типот на мотоцикл со кој ќе го возите вашето дете според сите истражувања подобро е детето да биде седнато зад вас.

Иако на многумина им изгледа посигурно детето да го седнат во скут односно во делот помеѓу резервоарот и нивното седиште, сепак во случај и на најмала незгода или лизгање на моторот детето ќе биде побезбедно и шансите за сериозна повреда се значително помали доколку детето е седнато зад вас.

За помалите дечиња на интернет можат да се најдат т.н. Moto-Grip појаси кои овозможуваат потпора на детето и сигурносен појас кој го врзува за возачот.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: