Сите работи кои ги преживеав само ќе ме направат посилен во иднина – Јохан Зарко.

Јохан Зарко имаше лош старт на Гран При трката на Аргентина откако мораше да направи дополнителни чекори за да го избегне контактот со возачот на Repsol Honda, Хорхе Лоренцо. После тоа, работите за Францускиот возач воопшто не се подобрија. На крајот имаше и малку среќа откако судирот меѓу Морбидели и Вињалес го доведе до петнаесетата позиција.

Пол Еспаргаро беше најдобриот тимски возач откако заврши на десетото место со предност од речиси осум секунди во однос на Зарко. Дебитантот од Tech3, Мигел Оливеира беше единаесети.

„На почетокот на трката воопшто немав среќа. Можев да бидам поблиску до Пол и Мигел но морав многу да притискам на сопирачката за да избегнам контакт со Лоренцо“, изјави Зарко.

„Секогаш ќе бидам задоволен ако можам да се борам со нив или пак да бидам најдобриот возач на КТМ. Но за да бидеме најдобри ќе мораме да промениме други работи.“

Под „други работи“ изгледа дека се мисли на нови делови.

„Како што се одвиваше трката, стануваше се потешко да се вози мотоциклот. Тешко е да се објаснат овие трки. Сакам да возам онака како што сум навикнат но не можам да го направам тоа. Тоа прави постојано да се борам со мотоциклот и навистина сум изморен.“

„Малку подоцна ќе имаме нови делови кои треба да ги испробаме.“

Johan Zarko Txt 1 04 04 copy

„Не функционираше ниту една од работите кои ги учев. Затоа не треба да се фокусираме само на едно нешто туку на целосното чувство кога сум на мотоциклот. Во моментов имаме проблем и мораме да го прифатиме тоа.“

„Но и ова е искуство и сакам да гледам на работите на позитивен начин и да ја држам мотивацијата на високо ниво бидејќи работите низ кои поминав ќе ме направат посилен.“

И покрај проблемите со кои се соочува, поранешниот возач на Tech3 Yamaha вели дека не планира да го напушти неговит стил на возење и во иднина да се обиде да го копира Еспаргаро.

„Можам да ги анализирам неговите податоци, тие сигурно се различни. Но не сакам да го копирам бидејќи сметам дека тоа нема да ми помогне во иднина.“

„Сакам да продолжам со мојот стил на возење и да видиме каде можеме да се подобриме.“

Зарко вели и дека КТМ не планира да го прилагоди мотоциклот на еден стил на возење.

„КТМ целосно не подржува. Воопшто не сметаат дека треба да следиме некој правец. Во моментов тие само собираат информации. Добро е што и Мигел е компетитивен и се носи со фабричките возачи. Тој беше подобар од мене но не и од Пол.“

И покрај проблемите со управувањето, поранешниот Moto2 шампион го подржува КТМ во употребата на WP суспензијата и покрај тоа што другите тимови користат Ohlins.

„Навистина верувам дека WP суспензијата е добра. Се сеќавам дека имав добро чувство додека бев дел од Moto2 серијата. Многу се подобривме и заедно со Kalex бевме едни од најдобрите тимови.“

На првата трка во новиот тим која се возеше во Катар, Зарко исто така заврши на петнаесетото место.

Back To Top