WSBK

Баутиста го изедначи рекордот на Хадсон

Алваро Баутиста го изедначи рекордот на Нил Хадсон од девет победи по ред на стартот на Светскиот Супербајк шампионат.

Следете нè на:

 

Алваро Баутиста го изедначи рекордот на Нил Хадсон од девет победи по ред на стартот од Светскиот Супербајк шампионат и успеа да дојде до трет хет трик од победи. Џонатан Реа го освои второто место а Чез Дејвис беше трет.

Возачот на Aruba.it Racing Ducati имаше уште еден импресивен настап по претходните две победи на патеката во Арагон. Тој стартуваше од пол позицијата и остана на првото место до самиот крај.

Со деветата победа по ред, Баутиста го изедначи рекордот на Хадсон кој беше постигнат во 2003 година. Оваа победа е исто така и 350-та за тимот на Ducati во серијата.

Реа беше дел од уште една долга борба за втората позиција, овој пат со неговиот тимски колега Леон Хаслам и со возачите на Pata Yamaha, Алекс Ловс и Дејвис.Тој добро го испланира времето и успеа сите тројца ривали да ги претекне во последните неколку круга.

Bautista Aragon Txt 08 04

Во последниот круг, актуелниот шампион успеа да го натера Дејвис да направи грешка и да го претекне.

Дејвис, кој се најде на третото место успеа да се одбрани од нападите на Хаслам а Ловс трката ја заврши на петата позиција.

Јуџин Лаверти ги надмина фрустрациите од првата трка и успеа да стигне до шестото место а веднаш зад него беше возачот на Pedercini Kawasaki, Жорди Торес. Мајкл ван дер Марк од последните редови на табелата успеа да дојде до осмото место. На деветото место беше возачот на Barni Ducati, Мајкл Рубен Риналди.

Сандро Кортезе и неговата GRT Yamaha ги заокружи првите десет позиции а веднаш зад него беше неговиот тимски колега, Марко Меландри. Том Сајкс не успеа да го повтори настапот кој го имаше на првата трка и заврши на дванаесетото место.

Леон Камиер и Moriwaki-Althea Honda го освоија тринаесетото место а Маркус Рајтенберг (BMW) и Риучи Кијонари (Honda) ги комплетираа местата кои носат поени.

Поради механички проблеми, Алесандро Делбианко (Honda) и Торпак Разгатлиоглу (Puccetti Kawasaki) не успеаа да ја завршат трката. Поради повреда на зглобот, Леандро Меркадо (Orelac Kawasaki) ги пропушти и двете трки во неделата.

Би можело да ве интересира

„Се обидовме да работиме на електрониката. Исто така најдовме и подобар баланс во споредба со минатата година. Мотоциклот работи подобро.“ - Валентино Роси.

Се повеќе и повеќе земји ширум светот сакаат да станат дел од MotoGP.

„Не е случајност и не се работи само за една трка. Од минатата година на патеките во Мисано и Арагон, постојано се наоѓаме блиску до подиумот“ – Давиде Бривио.

Мојата главна цел е да се обидам и да дојдам до место во некој фабрички тим. Би сакал тоа да биде Ducati.

Организаторите на релито Дакар објавија дека познатата трка од Јужна Америка ќе се префрли во Саудиска Арабија.

„Имавме поинаков проблем во споредба со вчера“ – лошиот старт на сезоната за Хорхе Лоренцо продолжи и на патеката во Тексас.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.