Домашни настани

Бузалковски: Секогаш пред трка си разговарам со моторциклот!

Нашиот најмлад натпреварувач во брзински мотоциклизам Хриситјан Бузалковски (71 теам) викендов настапи на првата трка од БМУ Европскиот и Македонскиот национален шампионат.

Следете нè на:

Нашиот најмлад натпреварувач во брзински мотоциклизам Хриситјан Бузалковски (71 теам) викендов настапи на првата трка од БМУ Европскиот и Македонскиот национален шампионат.

Бузо за прв пат настапуваше во боите на новиот тим и оствари резултати кои се за пофалба! Во БМУ Европскиот шампионат од вкупно 17 возачи заврши на 3-тата позиција, иако возеше со мотор спремен со Супер Сток спецификација, за разлика од неговите конкуренти кои возат со Супер Спорт спецификација, а во Македонскиот шампионат Бузо немаше конкуренција и беше убедливо на првото место. Во меѓувреме пред да почнат трките, забележавме еден несекојдневен контакт кој Бузо го има со својот моторцикл па затоа решивме да го прашаме и да дознаеме што значи тоа.

DSC 7908

ХБ: Па да малку несекојдневна ситуација, но јас ја практикувам пред секој старт на трката! Разговарам со својот моторцикл хахах, можеби звучи чудно, меѓутоа е вистинито. Пред секој старт на секоја трка јас разговарам со моторот, бидејќи го доживувам како близок, како член од семејството хахаха, за мене тоа не е само парче железо и пластика, па затоа со секој моторцикл што се натпреварувам, секогаш гледам да го оживеам и да му дадам љубов, бидејќи со таа машина на стаза возам со повеќе од 250 километри на час, па нели мора да имаме доверба еден со друг, за да остваруваме поголеми успеси!

Воедно сум многу задоволен од трката,бидејќи се качив на подиумот и имав најбрз ритам на трката, што дава до знаење дека со новиот тим сме многу подготвени! Иако пред да одиме на стаза, заедно со својот спонзор и претседател на новиот клуб, се договоривме да не форсирам, туку да извозам како да сум на тренинг, што значи дека возев со резерва. Така да се надевам дека на некоја од следните трки ке успееме да се качиме и на највисокото место на подиумот!

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Трката која требаше да се вози на 7-ми јуни на патеката Орман крај Скопје се одложува до следниот викенд, односно 14-ти јуни.

Уште една трка помалку во календарот за 2020, со денешната одлука на Дорна, и трката во Јапонија се откажува во целост.

Со денешната одлука на Дорна откажани се трките во Британија (Силверстоун) и Австралија (Филип Ајленд).

Официјално денеска беше ставен потпис на договор со кој Џек Милер ќе биде еден од возачите за фабричкиот тим на Дукати во 2021 со можност договорот да се продолжи на уште една година.

Според зборовите на неговиот менаџер, легендариот Кенан Софуоглу, за Топрак веќе постои интерес од МотоГП тимовите.

По изјавата на шефот на Петронас тимот, дека Роси е жива легенда но тој не би сакал да дојде во тимот само за да се збогува со МотоГП, „Докторот“ денеска даде свое видување на ситуацијата.

Реклами

Листа на мото настани

  • 12 Јуни 2020 - 14 Јуни 2020
  • 12 Другари
  • Ваташа, Кавадарци

  • 19 Јуни 2020 - 21 Јуни 2020
  • Club house
  • Скопје, Водно

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.