Можам да се обложам дека во 98 проценти од сите прегледи кои ќе ги најдете за Guzzi V85 TT, по неколку пати ќе го сретнете зборот „карактер“ и какво е вашето чувство кога сте на оваа класична, ендуро машина како што ја нарекува Moto Guzzi.
Ајде да се вратиме малку наназад. Приказната за Moto Guzzi, како и кај сите други Италијански брендови е комплексна и исполнета со подеми, падови и голем број на сопственици. Но од 2004 година, сопственик на овој бренд е Piaggio, Италијанскиот гигант за скутери во чија сопственост се Aprilia и Vespa.
Под нивно водство, би можеле да кажеме дека производите на Moto Guzzi се во најмала рака просечни, особено со обидот за имплементација на Euro 4 стандардот во 2016 година. Некои од моделите, како што се Griso, Norge, Stelvio беа целосно промашување. MGX-21 bagger и V9 Bobber се слаби и бараат голема пожртвуваност доколку се решите да ги возите на подолги релации.
Но немојте да ме сфатите погрешно, јас сакам вакви мотоцикли. Сум возел многу различни мотоцикли, а V85 TT е еден од ретките за кои од прва сум помислил дека е добро да го имам во гаражата. Затоа верувајте ми. Неколку дена возејќи се низ Скопје и околината, на патишта каде што не можете да возите со брзина поголема од 90 километри на час, се заљубив во Moto Guzzi V85 TT. Тој е неверојатно забавен мотоцикл и јасно ми е зошто им се допаѓа на многумина. Морав да ја споменам историјата на Moto Guzzi за да ја преставам реалноста. Ако се решам да платам 11.990 евра за овој мотоцикл, сигурно и дека ќе имам голем број на прашања.
За жал, сега немам доволно време да одговорам на сите прашања. Можам само да ви кажам какво беше моето чувство за време на седум часовното возење. Овој мотоцикл има нов мотор, шасија и вилушка. Останатите делови се стари но тоа и не значи премногу. Доколку погледнеме во минатото, можеме да видиме дека и Triumph и Harley-Davidson правеа погрешни работи. Но повеќе не е така. Зошто да не може и Guzzi да го направи истото?
Кажете ни нешто повеќе за мотоциклот.
„V85 TT е дизајниран околу моторот како и кај секој друг Moto Guzzi модел“ , објаснува Диего Ариоли, главен за продукцискиот маркетинг во Moto Guzzi.
Искрено, не можам да се сетам на мотоцикл кој не е дизајниран околу моторот, но веројатно знаете на што мисли. V85 TT 853 cc моторот кој има водено ладење е главната ѕвезда на шоуто. Од Moto Guzzi велат дека моторот е нов но искрено не знам каква е разликата со 853 cc transverse V-twin моторот кој може да се најде кај V9 Bobber и V9 Roamer. Единствена разлика која ја забележав е дека V85 TT има 80 коњски сили додека пак Bobber и Roamer имаат по 55 коњски сили.
Моторот има „pushrod“ дизајн. Доколку на ова го додадете квачилото и пневматиците, тогаш добивате олд скул мотоцикл. Но Мoto Guzzi велат дека додадени се и ABS сопирачки, неколку режими на возење, контрола на движењето, TFT екран како и LED светла. Тие се многу горди на нивниот DRL (Логото на Moto Guzzi има орел кој му одава почит на еден загинат пилот кој бил дел од дружината која првично го креирала брендот).
Moto Guzzi за V85 TT вели дека е класичен ендуро. Според компанијата, пазарот на мотоцикли во моментов се состои од crossovers, easy enduros, scramblers и adventure мотоцикли. За време на презентацијата не беа прикажани голем број на примери само беа споменати главните карактеристики на мотоциклите. А се чини дека V85 TT може да се адаптира на секаков терен, урбано возење, туринг но и оф роуд.
Возејќи го Moto Guzzi V85 TT
Јас не сум висок и воопшто не ми беше тешко да ја префрлам ногата преку седиштето кое има висина од 83 сантиметри. Од Moto Guzzi велат дека кога го дизајнирале мотоциклот мислеле на сите возачи и тврдат дека егрономијата на мотоциклот одговара на возачите кои се високи од 1.70 сантиметри па се до 1.95 см. На пример, пријател кој е висок 1.72 сантиметри немаше никаков проблем да се качи на мотоциклот, а исто така и човек со 2 метри висина делуваше сосема нормално на моторот. Позицијата на седење е удобна и се доаѓа некако природно. Рачките не се премногу широки. Според спецификациите, мотоциклот е тежок 229 килограми. Тежината на моторот се осеќа само кога треба да го преместите без возење.
На левата страна на рачката, покрај свирката и трепкачите, се наоѓа и копчето за контрола на патувањето. Покрај ова тука е и копчето со кое можете да го поврзете вашиот телефон со мотоциклот. На десната страна, покрај копчињата за светлата и стартерот има уште едно копче наречено "Mode", кое во суштина и не ги контролира режимите на возење.
Ова копче ќе го употребите кога ќе сакате да ја разгледате листата со информации. Тоа всушност значи дека тоа би требало да се најде на левата страна на рачката бидејќи е многу тешко да ја употребите оваа опција додека во исто време притискате на гаста. Поради истата причина, јас би ги префрлил светлата на другата страна. Режимите на возење ги менувате преку притискање на стартерот неколку пати. Мотоциклот мора да се движи, потоа повторно притискате на копчето за да одберете од трите опции: една за пат, една за дожд и една за оф роуд.
Но кога прв пат ќе го притиснете копчето за старт, ќе се изненадите од звукот кој го прави моторот. Мора да признаам дека има нешто навистина прекрасно во ова искуство. Ова, браќа и сестри е мотоцикл. Прекрасна, моќна, метална кутија. Потоа ќе притиснете на гаста и ќе си го поставите прашањето: „Зошто сите мотоцикли не се вакви? “ Но ако голем број на луѓе возат вакви мотоцикли, тогаш психијатрите би останале без работа. Она што ќе ве изненади како префрлате во се поголема брзина е фактот дека V85 TT е навистина јасен и удобен. За време на возењето пневматиците покажаа одлични перформанси.
Одлично се забавував додека се возев со мотоциклот. Понекогаш беше малку бавен кога се обидував да го префрлам од една на друга страна или пак во острите свиоци. Но морам да признаам дека го возев мотоциклот на начин на кој што не треба. Доколку се држите до ограничувањето на брзината, тогаш не би требало да имате никакви проблеми.
Сопирачките се Brembo, а има и ABS на двете тркала. Предната сопирачка одлично реагира додека пак задната треба добро да ја притиснете за вистински да реагира. Во свиоците, предниот дел не реагираше онака како што очекував од авантуристички мотоцикл. Патиштата во Македонија се далеку од перфектни но и покрај тоа мотоциклот одлично се справуваше со сите предизвици. Нискиот центар на баланс значи дека при помала брзина лесно ќе поминете низ тесните делови.
Како што ја зголемувате брзината (130 км/ч), така се повеќе почнувате да ги чувствувате вибрациите, но тие се во рамките на нормалата. Без разлика на се, на оние кои ќе сакаат да го користат овој мотоцикл за туринг, ќе им треба поголемо ветробранско стакло. Мал проблем преставува фактот дека стаклото не е прилагодливо.
Moto Guzzi има обезбедено голем број на додатоци за V85 TT кои можат да се купат одвоено или како дел од трите пакети: Touring, Sport Adventure и Urban. Меѓу додатоците се од дополнително светло и поголем простор за багаж па се до подобрена Öhlins суспензија и штитници за моторот. Има две опции за багаж: алуминиумски и мешавина од пластика и алуминиум. И двете се робусни и големи.
Иако сум сигурен дека Moto Guzzi не ја дизајнирале оваа машина специјално за оф роуд возење, сепак уживав по возењето надвор од асвалтот.
Моторот ни беше отстапен на тест од увозникот на Пијаџо за Македонија - Динамикс, каде може да се купи за цена од 11.990 евра.
Дали овој мотор е за вас? Единствен начин на кој можете да ги дознаете одговорите на сите прашања кои ги имате е да појдете до Динамикс, да го тестирате мотоциклот и да се уверите дека навистина вреди за парите.