Шефот на Ducati, Џиџи Дал’Игна ги отфрли обвинувањата дека е нелегален додатокот кој го има на нивниот мотоцикл и ја обвини Honda дека е виновна за целата оваа ситуација.

Генералниот менаџер на Ducati, Џиџи Дал’Игна, ги отфрли обвинувањата дека додатокот кој го има на нивниот мотоцикл е нелегален и ја обвини Honda дека е виновна за целата оваа ситуација.

FIM потврди дека жалбата ќе биде разгледана од страна на Апелацискиот суд задолжен за MotoGP пред да се оддржи Гран При трката која се вози во Аргентина.

Направата за која е поднесена жалбата ја користеа двајцата фабрички возачи на Ducati, Андреа Довициозо и Данило Петручи, како и возачот на Pramac Ducati, Џек Милер. Довициозо заврши на првото место на трката во Катар а неговиот тимски колега Петручи беше шесто пласиран. Милер мораше предвреме да ја заврши трката поради проблеми со мотоциклот.

Ducati Boss Txt 2 20 03 copy

Во интервју за MotoGP.com, Дал’Игна застана во одбрана на направата која ја користеше нивниот тим и тврди дека тие не прекршиле ниту едно правило. Шефот на Ducati смета дека за ова требало да се разговара приватно на состанок на асоцијацијата на производители.

„Секој пат кога се појавува некаков проблем, најпрво го анализираме а потоа имаме состанок на асоцијацијата на производители и разговараме за проблемот. Многу ретко во тоа го вклучуваме техничкиот директор на шампионатот. За нас овие работи не се променети.“

„Ние бевме подготвени за ова да разговараме внатре во асоцијацијата.“

Дал’Игна вели дека е изненаден од жалбата на Honda бидејќи тие секогаш разговараат за правилата во MotoGP.

„Очигледно е дека овие четири производители одлучиле да го променат својот пристап. Но она што ме изненадува е тоа што Honda заедно со Yamaha се едни од основачите на серијата. Тие секогаш бараат некакви промени и ја предизвикуваат федерацијата.“

„Навистина сме изненадени од ваквиот потег. Пред трката во Катар, сите проблеми ги решаваме внатре во асоцијацијата. Ова е прв пат еден тим да поднесе жалба против друг тим поради технички работи. Ова е различно во споредба со минатото и морам да признаам дека е негативна разлика.“

„Спротиставувајќи се на мислењето на техничкиот директор, кој е единствениот кој може да одлучи дали еден додаток на мотоциклот е легален или не, отвора можност вакви работи да се случуваат на секоја трка.“

Жалбата се однесува на користа која мотоциклот на Ducati може да ја добие од аеродинамичниот додаток а тимовите тврдат дека тој е во спротивност на правилата. Поради жалбата, конечниот резултат од трката во Катар се уште не е потврден а конечната одлука треба да ја донесе Апелацискиот суд.

Се верува дека носењето на одлуката е одложено со цел да се објаснат правилата и да се утврди на кој начин тимовите во иднина ќе можат да го развиваат овој сектор.

Back To Top