Honda Rebel 500 има многу модерен изглед. Голем дел од елементите се позајмени од секторот на спортски мотоцикли, а тие му даваат елегантен и модерен изглед.

Оригиналниот Rebel за прв пат беше преставен во 1985 година и беше дизајниран да ја рефлектира културата која беше популарна помеѓу возачите на крузер модели во тоа време. Дизајнот беше многу популарен во тој период. Во 2017 година го добивме истиот популарен, мал крузер, но овој пат опремен со многу нови додатоци. Искусен возач сигурно ќе ги забележи сличностите меѓу двата модела но за обичниот возач тие се два различни модели.

Honda Rebel 500 2019 4

Под предниот амортизер имаме голема предна гума. За разлика од оригиналната верзија, новата генерација има единечно седиште. Можеме да се надеваме само дека седиштето ќе биде поудобно отколку кај оригиналната верзија.Севкупно гледано, имаме мотоцикл кој има многу помодерен изглед и кој има елементи позајмени од секторот на спортски мотоцикли и кои изгледаат многу приодно.

Предната вилушка е малку поголема за вака мал мотоцикл и за жал нема опција за прилагодување. Челичната, тубуларна рамка се поврзува со моторот на три точки. Наместо старата „backbone“ рамка, новата рамка има надворешна структура која е многу слична на „Trelis“ рамката. Алуминиумската под рамка која се наоѓа околу задните амортизери прави задниот дел од мотоциклот да биде многу полесен. Доколку сакате можете да ги прилагодите задните амортизер.

Мотоциклите имаат тежина помеѓу 165 и 187 килограми во зависност од моделот кој ќе го одберете и се уште ќе го чувствувате налетот на ветерот како и притисокот од возилата околу вас.

Една од работите кои не се премногу променети е висината на седиштето. Со висина од 71 сантиметар, тоа е за неколку сантиметри повисоко отколку кај оригиналната верзија. Би можел да кажам дека доколку ова е премногу, тогаш можеби животот на две тркала не е е за вас.

На 16 инчните трката има 130/90 предна и 150/80 задна гума. Со задоволство можам да кажам дека кај овој модел Honda конечно ја напушти задната  сопирачка со добош. Единечниот клип има 240 mm и 296mm преден диск.Како достапна опција, двата модели имаат ABS сопирачки.

Моќноста на моторот е многу блиска со онаа кај CBR-R моделите кои имаат слична кубикажа. Може слободно да се каже дека за негова големина, Rebel моделите се прилично моќни.

До овој момент, голем дел од работите беа слични но имаме одредени промени кога станува збор за моторот. Имаме дво-цилиндричен мотор со зафатнина од 471cc кој има електронски вбризгувач на гориво. 

Шест брзинскиот менувач помага во оддржувањето на бројот на вртежи во одреден опсег, а за жал имаме и стандардно квачило. Како и обично, Honda не открива премногу детали но од она што можеме да го забележиме преносот на моќта е многу слична како кај CBR-R моделите.

Цената на овој модел во Макпетрол (увозникот на Хонда за Македонија) изнесува 6990 евра, и истиот може да се погледне во нивниот салон лоциран на бул. Илинденска.

Back To Top