(Време на читање: 2 - 3 минути)


После успешниот настап на трката во Катар, Алекс Ринс и Suzuki заминаа на патеката на која Шпанецот пред една година за прв пат се искачи на подиумот.

На хартија, Алекс Ринс и Suzuki би требало да имаат успешен настап на трката која овој викенд ќе се вози во Аргентина. Иако претходната трка која се одржа во Катар ја заврши на четвртата позиција, Ринс заедно со Довициозо и Маркез имаа најбрзо време по круг и на крајот помалку од една секунда го делеше од првото место.

Во меѓувреме, Термас де Рио Хондо е патеката на која Ринс пред една година стигна до својот прв подиум во MotoGP.

„Среќен сум што одам во Аргентина бидејќи оваа патека навистина ми се допаѓа“ , изјави Ринс. „Површината е многу брза и тоа одговара на карактеристиките кои ги има мојот GSX-RR. Плус, имаме и добри сеќавања од трката која се возеше на оваа патека минатата година.“

„Самата патека има добар микс од неколку брзи и неколку бавни свиоци. Правецот е долг а потоа има и долг свиок на кој целосно можеме да ги искористиме предностите на мојот мотоцикл.“

„Навистина сме возбудени што доаѓаме на оваа патека по успешната трка која ја имавме во Катар“, додаде тимскиот менаџер Давиде Бривио. „Нашата главна цел во новата сезона беше да продолжиме со напредокот кој го имавме во 2018 година и дополнително да напредуваме. Алекс одлично се совпаѓа во целиот овој план. “

„Гран При трката која минатата сезона се возеше во Аргентина беше навистина добра за нас. Алекс успеа да се справи со тешките услови кои ги имаше на патеката и за прв пат се искачи на подиумот.“

„Нашата главна цел за трката која престои е да направиме се што е можно тој да биде блиску до најдобрите. Исто така, сакаме на Јоан Мир да му дадеме добар пакет и да му помогнеме да научи што е можно повеќе. Тоа воопшто нема да биде лесно за него бидејќи за прв пат на оваа патека ќе настапи со MotoGP машина.“

Alex Rins Txt 28 03

На својата деби трка во MotoGP, Мир заврши на осмата позиција и беше најдобро пласиран дебитант.

„Првата трка која се возеше во Катар беше навистина позитивна за мене. Не очекував да бидам толку компетитивен на мојата прва трка и навистина бев возбуден што бев дел од најдобрата група на возачи. Ова не беше добро само за трката туку и за мене бидејќи имав можност да научам многу работи“, изјави Мир.

„Пред крајот на трката морав да го намалам темпото за да ги зачувам пневматиците. Тоа е еден аспект на кој морам да работам. Но сега е време да размислуваме за трката во Аргентина. “

„Досега немавме направено тестови на оваа патека и мислам дека на почеток ќе ми треба малку време за да ја запознаам патеката. Самата подлога е навистина добра и може да му одговара на GSX-RR. Но многу работи ќе зависат и од условите на патеката.“

„Во 2017 година ја постигнав првата победа во Moto3 серијата токму на оваа патека. Оваа година се надевам дека тие сеќавања ќе ги заменам со уште подобри.“

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: