Маркез има неверојатна брзина на Термас де Рио Хондо...Но историјата ни кажува дека оној кој е најбрз не е секогаш победник.

Од пустината директно на Андите. Тимовите кои се дел MotoGP серијата го напуштија Блискиот Исток и заминаа за Јужна Америка каде ќе се одржи втората трка од шампионатот. Топлината тука е заменета со влажноста а на оваа патека еден возач традиционално секоја година има добар настап: Марк Маркез. Но историјата ни кажува дека оној кој е најбрз не е секогаш победник.

Од 2014 до 2017 година Маркез стартуваше од пол позицијата на трката во Аргентина. Во 2014 и 2016 година тој победи а во 2015 година после еден судар со Валентино Роси излета надвор од патеката. Исто се случи и во 2017 година кога заедно со тимскиот колега Дани Педроса не успеаа да ја завршат трката. До моментот на излетување, Маркез беше лидер на трката. Минатата година имавме уште една интересна трка. Маркез не успеа да освои поени а исто така имаше и нов контакт со Роси. Но една работа остана непроменета, односно брзината на возачот на Repsol Honda. Ниту еден возач не успеа да го стигне неговото темпо а такво нешто видовме и оваа година на патеката во Катар. Ова значи дека Маркез повторно ќе биде во центарот на вниманието.

GP Argentina txt 2 25 03

Но не е само Маркез кој има добра брзина на оваа патека. Добар настап досега имаше Дани Педроса како и Кал Кратчлоу кој успеа два пати да се искачи на подиумот пред да победи на хаотичната трка во 2018 година. На оваа патека добар е и новиот тимски колега на Маркез, Хорхе Лоренцо, кој ќе се обиде да го поправи впечатокот од првата трка во Катар. Но, да не заборавиме дека пет кратниот шампион се уште се опоравува од повредата на раката.

После лошата трка во Катар, очекуваме добар настап да има и Yamaha со оглед на нивната историја на оваа патека. Роси победи во 2015 година додека пак неговиот тимски колега, Маверик Вињалес победи во 2017 година. Тимот кој доаѓа од Ивата очекува дека на оваа трка ќе има напредок и дека нема да се соочи со проблемите кои ги имаше минатата сезона. Возачите на Petronas Yamaha, Франко Морбидели и Фабио Куартараро кои настапуваат со машина која има спецификации за 2019 година, исто така се очекува да притиснат уште од самиот старт. Куартараро иако мораше да стартува од гаражата, сепак беше еден од најбрзите возачи на патеката.

Во меѓувреме, Ducati во одличен стил ја почна сезоната откако освои 25 поени благодарение на победата на Андреа Довициозо кој успеа да го претекне Маркез во последниот свиок. Останува да видиме дали Довицозо ќе продолжи да вози во ист стил и на останатите патеки или пак врвот ќе го достигне на патеките во Европа. Неговиот нов тимски колега, Данило Петручи ќе се обиде да го поправи првичниот впечаток откако на минатата трка заврши на шестата позиција. Добар настап очекуваат и возачите на Alma Pramac Racing, Џек Милер и Франческо Бањаиа. Поради проблеми со мотоциклот, Милер не успеа да ја заврши трката во Катар додека пак Бањиа, иако имаше добар настап за време на претсезонскиот тест во Сепанг, сепак имаше лоша прва трка од сезоната.

GP Argentina txt 1 25 03

Во борбата за победа би можеле да го вклучиме и Алекс Ринс (Suzuki Ecstar) кој би можел да биде еден од најголемите ривали на возачите на Honda на патеката во Аргентина. Тој беше брз за време на тренинзите, имаше добра брзина на патеката во Лосаил и само за малку не успеа да се искачи на подиумот. Сепак, Термас де Рио Хондо е патеката каде што возачот на Suzuki стигна до својот прв подиум. Сигурно ќе биде интереснио да се види настапот на Ринс, кој на последните осум трки секогаш се наоѓа меѓу најдобрите шест возачи на патеката. Добра трка се очекува и од дебитантот Јоан Мир кој имаше солиден настап за време на неговата прва трка од серијата.Тој веќе има една победа на оваа патека но тогаш беше дел од Moto3 серијата.

Листата на возачи кои ќе се борат за првите десет позиции на табелата не завршува тука. Алеш Еспаргаро ќе се обиде да има добра трка и да освои неколку поени повеќе отколку за време на настапот во Катар. Андреа Ианоне, иако настапи со различен мотоцикл, во минатото еднаш беше многу блиску до место на подиумот на оваа патека. Јоан Зарко (Red Bull KTM Factory Racing), кој успеа да освои поени на својот прв настап во тимот ќе се обиде да го стигне тимскиот колега Пол Еспаргаро кој пак заврши на единаесетата позиција на трката која се оддржа на оваа патека минатата сезона.

Back To Top