На мото шоуто во Токио, Honda го престави електричниот концепт CR-E MX.
Honda ја престави електричната концепт верзија на нивниот CRF оф роуд мотоцикл. Ова е првиот чекор кој го направи Јапонската компанија, иако мораме да признаеме дека тие не работеа сами.
Нивната сестринска компанија, Mugen, веќе неколку години работи со електрични мотоцикли а нивниот модел, Shiden, ги освои последните пет награди на TT и се чини дека не планира да запре.
Тие исто така работеа и на E.Rex, кој Honda го искористи како основа за нивниот CR-E модел. Всушност, освен неколку мали промени, тој е речиси истиот мотоцикл.
Основата на мотоциклот е CRF250R и се користи неговата шасија, вилушка, суспензија, тркала и сопирачки. Тие сепак се малку модификувани за да одговараат на батеријата.
Електричната единица е минимизирана верзија од онаа која ја има Shiden. Се уште не знаеме колкава е моќноста на овој мотоцикл но знаеме дека CR-E ќе има неколку опции за моќност. Сличен концепт преставија и Alta Motors а кај нивниот мотоцикл, на влажни временски услови, може да се намали бројот на вртежи.
Литиумската батерија која го движи мотоциклот е изработена од Maxwell а моторот го користи истиот систем за ладење кој го има кај 250R.
CR-E засега е само концепт а од Honda не откриваат кога тој ќе се најде во производство.Сепак, интересно е да се види каква би можела да биде иднината.