Такааки Накагами има јасна престава која му е најсилната страна откако успеа да дојде до седмото место на Гран При трката на Аргентина.

Откако поголем дел од Гран При трката на Аргентина го помина во борба со другите возачи за седмото место, Такааки Накагами воопшто не се сомнева каде лежи неговата најголема предност.

„За време на трката видов голем број на други возачи и производители - Suzuki, Ducati, Yamaha. Беше навистина интересно. Видов дека нивниот стил е малку поинаков но јас сум многу подобар од нив при нагло сопирање. “

„Многу сум среќен што го увидов ова бидејќи на следната трка во Тексас тоа ќе ми биде од голема корист.“

Единствениот возач кој се уште настапува со мотоцикл на Honda кој има спецификации за 2018 година има импресивен старт на сезоната и во моментов е на седмото место на табелата.

Nakagami txt 04 04 copy

„Задоволен сум од овој викенд. Малку по малку се подобруваме. Можеби ни требаат само уште неколку десетинки но до нив е навистина тешко да се дојде. Но се чувствувам многу подобро и посилно во споредба со трката во Катар. Мораме да продолжиме да работиме напорно.“

„Немаме нови работи кои треба да ги тестираме и поради тоа е поедноставно. Треба да се фокусираме на мојот стил на возење и да ги анализираме податоците од Кал, Марк и Хорхе. Тоа многу ни помага.“

„Трката беше навистина тешка. Одбрав мека задна гума бидејќи на стартот на трката сакав да дојдам до подобра позиција. Но за жал немав добар контакт со површината.“

„После првиот круг си помислив, како ли ќе можам да завршам со оваа група на возачи? Се обидов малку да го променам стилот на возење но ми изгледаше дека постојано имам проблеми. Но, изгледа дека сите возачи имаа проблеми. Знам дека Марк е од друга планета. Веќе пред крајот на трката немав енергија да се обидам да го подобрам мојот резултат а плус и гумата беше целосно уништена.“

„Секако дека мораме да направиме чекор напред во Тексас. Со нетрпение чекам да почне трката.“

Неговиот тимски колега, кој настапува со мотоцикл кој има спецификации за сезоната 2019, трката која се возеше на Термас де Рио Хондо ја заврши на тринаесетата позиција.

Back To Top