Џонатан Реа признава дека разликата во перформансите меѓу него и лидерот на табелата Алваро Баутиста е преголема.

Џонатан Реа признава дека разликата во перформансите меѓу него и лидерот на табелата Алваро Баутиста е преголема и покрај тоа што успеа да дојде до второто место.

Актуелниот шампион, трката ја стартуваше од десетото место но на крајот успеа да дојде до втората позиција. Сепак, разликата меѓу двајцата возачи изнесуваше 15 секунди.

Во текот на трката Реа беше дел од интересната борба со Чез Дејвис и Алекс Ловс за второто место а тоа му овозможи на Баутиста да направи недостижна предност.

Jonatan Rea Txt 08 04

„Мислам дека денеска го постигнавме максимумот и не можевме да направиме ништо повеќе од ова“ , изјави Реа. „Ова беше интересна трка со многу претекнувања.“

„Севкупно гледано, задоволни сме што освоивме поени и со местото на подиумот. Сепак малку сум разочаран и изненаден што разликата со најдобриот возач е толку голема.“

Реа ја објасни и конфузијата која настана за време на квалификациите откако тој и неговиот тимски колега, Леон Хаслам, премногу доцна излегоа на патеката со пневматиците на Pireli.

„Во Суперпол, направивме неколку грешки како тим. Планиравме да имаме два круга со квалификациските пневматици но малку подоцна сфатив дека направив грешка. Кога ја поминав целната линија ми стана јасно дека времето кое го постигнав е од моментот кога настапив со тркачките пневматици.“

Back To Top