MotoGP

Вињалес: Немаме што да загубиме

Маверик Вињалес ќе се обиде да победи на патеката во Америка.

Следете нè на:

 

Маверик Вињалес смета дека нападот на првата позиција на Американската Гран При трка му е единствена опција која му останува после лошиот старт на шампионатот.

На последната трка која се возеше во Аргентина, Шпанецот повторно имаше слаб старт од првиот ред. Исто така се мачеше и на трката во Катар и покрај тоа што стартуваше од пол позицијата.

По завршувањето на трката во Аргентина, Вињалес заостана 36 поени зад лидерот Марк Маркез. Признава дека тешко дека ќе може да ја намали разликата со оглед на формата која возачот на Honda ја има на оваа патека. Од 2013 година па се досега, тој победи на секоја трка која се возеше на оваа патека.

„Мислам дека ќе биде тешко. Сепак, ако погледнеме минатата година, и јас ја стартував сезоната добро но потоа се случија неколку грешки“ , изјави Вињалес.

„Тие се силни и ќе биде многу тешко да се надополни разликата. Но веќе немаме што да изгубиме и мораме да притиснеме уште од самиот старт а потоа да видиме што ќе се случи.“

Maverik Vinales Txt 12 04

Вињалес вели дека слабиот старт на сезоната се должи на проблемот со квачилото кој го има неговиот мотоцикл и се надева дека за брзо време тој ќе се надмине.

„Морам да најдам начин како да го надминам проблемот а потоа и тимот ќе ми помогне. Малку по малку ќе се обидеме да се подобриме.“

Во однос на шансите кои Yamaha ги има на трката во Америка, Вињалес е оптимист со оглед на тоа дека тимот во изминативе три години постојано се наоѓа на подиумот на оваа трка.

„Мислам дека нашиот мотоцикл е многу добар на неколку сектори на оваа патека “ , изјави тој. „Ќе бидам особено внимателен на третиот сектор бидејќи минатата година тука загубивме најмногу. Оваа година имаме поинакво моторно сопирање кое што очекувам да ни помогне.“

„Во бавните свиоци, нашиот мотоцикл е многу тежок и не може лесно да се промени правецот на движење. Оваа година променивме одредени работи па ајде да видиме што ќе се случи на трката.“

Би можело да ве интересира

„Се обидовме да работиме на електрониката. Исто така најдовме и подобар баланс во споредба со минатата година. Мотоциклот работи подобро.“ - Валентино Роси.

Се повеќе и повеќе земји ширум светот сакаат да станат дел од MotoGP.

„Не е случајност и не се работи само за една трка. Од минатата година на патеките во Мисано и Арагон, постојано се наоѓаме блиску до подиумот“ – Давиде Бривио.

Мојата главна цел е да се обидам и да дојдам до место во некој фабрички тим. Би сакал тоа да биде Ducati.

Организаторите на релито Дакар објавија дека познатата трка од Јужна Америка ќе се префрли во Саудиска Арабија.

„Имавме поинаков проблем во споредба со вчера“ – лошиот старт на сезоната за Хорхе Лоренцо продолжи и на патеката во Тексас.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.