Заменувајќи ги успешните ContiTrailAttack 2, новата, трета генерација пневматици нуди побрзо загревање, подобар контакт со површината при влажни или суви услови, поголема издржливост и агилност.
Заменувајќи ги успешните ContiTrailAttack 2, новата, трета генерација пневматици нуди побрзо загревање, подобар контакт со површината при влажни или суви услови, поголема издржливост и агилност. Неговите најблиски ривали се Bridgestone A41s и Michelin Pilot Road Trail 5s. ContiTrailAttack 3 се наоѓа некаде помеѓу TKC70 (60%/40%) и TKC 80s (20%/80%).
Нашиот тест започна на Крит, место познато по интетресните патишта и пријатното време во овој период од годината. Работите не беа онакви какви што посакувавме и речиси целиот ден возевме по влажни патишта. Но и покрај тоа, со TrailAttack 3 поминавме околу 150 километри.
Наместени на последниот R1250GS модел на BMW, пневматиците ни дадоа добро чувство и одличен контакт со површината. Со оглед на предизвикувачката природа и условите на дел од патот, тоа беше и повеќе од добредојдено.
Од компанијата ја потенцираат вредноста на силикатното соединение, ‘RainGrip’ на вакви влажни услови. Покрај ова тракцијата ја подобрува и подлабоката шара на задната гума. Ова исто така го зголемува и животниот век на пневматикот.
Германскиот производител тврди дека гумите ја добиваат потребната температура после поминати 1.5 километри. Дури и посилното притискање на гаста кога излегувате од свиок или пак наглото сопирање нема да ја вклучи контролата на тракцијата или пак ABS системот.
Стабилноста е добра иако во Крит нема многу места каде можете да возите со поголема брзина. Во однос на тоа какви се овие пневматици на лоши временски услови, слободно можеме да им дадеме висока оценка.
Continental ContiTrailAttack3 тестирани во Велика Британија
И на тестирњето во Велика Бритнија беше многу тешко да најдеме некаков проблем на пнавматиците. Опремени на KTM 1090 Adventure, тие на мотоциклот му даваат агилност. Управувањето е лесно а и контактот со површината е добар.
Длабоко во свиокот можете да притиснете на сопирачките а веднаш потоа и на гаста. Поголемото, 19 инчно тркало кај овие мотоцикли може да ви создаде мала нелагодност при нагло вртење во помалите свиоци, но со Conti немам никаков проблем да го навалам мотоциклот.
'MultiGrip' соединението го има низ целиот профил а исто така има и ветување за поконзистентни перформанси во текот на целиот животен век на гумата. Тие се веќе достапни во продавниците и доаѓаат со широк спектар на големина за да можат одговараат на речиси сите авантуристички мотоцикли.
Цена на еден пар пневматици: 248 фунти.
Лоша страна на Conti
Доколку планирате посериозно оф роуд возење, тогаш е подобро да земете TKC 70 или 80. Нивниот дизајн и шара ги прават идеални за возење по таков терен. TrailAttack 3 се одлични за возење по патиштата полни со чакал во Крит, но нема премногу голема разлика од сите други спортски пневматици наменети за овој вид на возење.