Хорхе Лоренцо верува дека наскоро ќе може да го покаже целосниот потенцијал откако имаше слаб настап за време на дебитанската трка во новиот тим.
Хорхе Лоренцо верува дека има голем потенцијал и дека наскоро ќе покаже подобри резултати откако имаше слаб настап за време на дебитанската трка во новиот тим.
Поранешниот шампион замина на трката во Катар се уште не доволно опоравен од повредата на зглобот која ја доби за време на зимските тестови. Повредата беше и главната причина која го спречи да помине повеќе време на RC213V.
Оптимизмот кој го имаше пред почетокот на трката го напушти после инцидентот кој го имаше на третиот слободен тренинг. Изјави дека за време на квалификациската сесија, се уште чувствувал болки во рамото.
Нов проблем за Лоренцо настана за време на првите неколку круга од трката кога се појавија проблеми со кумплугот на мотоциклот. Во еден момент тој се најде на дваесетото место на табелата а до крајот на трката успеа да дојде до тринаесетата позиција.
Но и покрај слабата трка, Лоренцо верува во потенцијалот на Repsol Honda.
„Иако не постигнавме добар резултат, сепак има многу позитивни работи“, изјави Лоренцо. „Но бев лимитиран поради падот кој го имав претходно каде што го повредив рамото.“
„На првиот слободен тренинг стартувавме многу добро. Бевме навистина брзи се до инцидентот. Доколку не паднев сигурно трката ќе ја стартував од вториот или третиот ред. Се обидовме да го поправиме кумплугот, но за жал не успеавме во тоа. Поради него и речиси дојдов до последното место и загубив три или четири секунди.“
„Во секој случај, мислам дека имаме многу поголем потенцијал и дека сме многу подобри од тринаесетото место кое го освоив. Доколку имаме малку повеќе среќа, сигурно на другите трки ќе постигнеме и подобар резултат.“

Лоренцо вели дека до трката во Аргентина која се вози за три недели тимот ќе се обиде до го реши проблемот кој го има. „За неколку недели верувам дека ќе бидеме многу подобри. Исто така се надевам и дека ова ќе ми биде последна повреда.“
„Но, да не заборавиме дека работите можеа да бидат и полоши. Мислам дека чувството со мотоциклот е многу добро само треба да го покажеме нашиот вистински потенцијал и резултатите сами ќе дојдат.“
„Со оглед на проблемите со кои се соочивме, мислам дека 15 секунди не е премногу.“
Падот пред трката во Катар е само една од низата повреди на Шпанецот во последниот период. 31 годишниот возач се соочува се некаква повреда уште од трката која се возеше во Сан Марино минатата година. На трката во Арагон доби повреда на палецот уште во првиот круг а потоа мораше да пропушти четири трки поради тешкиот пад кој го имаше на трката во Тајланд. Се врати дури за време на одржувањето на последната трка од сезоната која се возеше во Валенсија.Во текот на зимската пауза тој доби нова повреда откако скрши коска на раката. Поради тоа мораше да го пропушти тестот во Сепанг.

Коментари