Стартуваше новата MotoGP сезона. Минатата недела имавме навистина возбудлива трка во Катар. Новата MotoGP трка ни носи и нов Motul Суперфан.

Јусуф Атиа е првиот наш Суперфан во новата сезона. Го прашавме да го сподели тоа искуство со нас.

Јусуф, можеш ли да ни се преставиш?

- Секако. Јас сум Јусуф Атиа. Роден сум во Индија но повеќе од осумнаесет години живеам во Катар. Работам во нафтена компанија и очигледно сум голем фан на мотоспортот.

Сигурно ова не е твоја прва MotoGP трка?

- Токму така. Всушност, ја имам гледано секоја MotoGP трка на патеката во Лосаил. Мојата сопруга работи на оваа патека како волонтер, а понекогаш и јас сум вклучен во работата.

Какво беше твоето искуство како Суперфан?

- Тоа беше неверојатно искуство. Би сакал да им се заблагодарам на Motul што ми го овозможија ова. Досега сум посетил многу трки но никогаш не било вака интересно. Беше неверојатно да се сретнат Марк Маркез и Валентино Роси. Голема чест ми беше тоа што бев дел од гаражите.

Motul Superfan Txt 1 21 03

Кој ти беше најинтересен дел од викендот?

- Возењето со безбедносното возило. Досега се имам возило со автомобил по тркачката патека, но ова беше нешто навистина посебно. Возачот беше неверојатен. Беше многу забавно.

Ти си првиот Motul Суперфан оваа година. Мораме да те прашаме, какви се твоите предвидувања за сезоната која е пред нас?

-Тоа е навистина тешко да се одговори. Мислам дека Марк Маркез нема да има лесна година. Минатата сезона Андреа Довизиоцо беше навистина блиску и мислам дека оваа година ќе му се доближи уште повеќе. Сигурен сум дека ќе имаме неверојатна сезона.

Motul Superfan Txt 2 21 03

Кој е твојот фаворит?

- Без никакво сомневање, Роси. Можеби не победува толку често како во минатото, но тој е икона на овој спорт и сите го сакаат. Досега имав среќа да го видам во гаражите неколку пати и секогаш околу него има голем број на фанови.

Што те натера да бидеш Motul Суперфан?

- Долги години го следам MotoGP и го имам забележано ова натпреварување. Оваа година решив и јас да учествувам. Motul прават многу за овој спорт и мислам дека е неверојатно искуство да бидете амбасадор на овој бренд.

Дали сакате и вие да бидете Суперфан?

Аплицирајте на https://www.motul.com/gb/en/motogp/superfan

Motul Superfan Txt 3 21 03

Back To Top