Од денеска официјално: Со 4-часовна обука, 125cc со Б категорија
Од денеска и официјално започнува примената на измените со кои возачите со Б категорија ќе можат да...
За некого мотоциклот е превозно средство. За некого е брзина, адреналин и чувство на слобода. Но за огромен број моторџии, возењето е нешто многу повеќе од тоа — начин да се исчисти главата, да се намали стресот и барем на кратко да се избега од секојдневниот притисок.
Традиционалното „Вепарско петочко гравче“ повторно ја собра мото заедницата на едно место, но овојпат со уште поубава причина. По повод Меѓународниот ден на семејството, Мото клуб Вепар од Скопје организираше afterwork дружба со мотори, музика, ладно пиво и гравче, во соработка со СОС Детско Село.
Повторно нè очекува викенд исполнет со мото настани, дружење, возење и вистинска моторџиска атмосфера. На програмата има по нешто за сите: класичен мото собир покрај езеро, урбано Cruise Cult дружење во Скопје, елегантна хуманитарна парада со DGR и, секако, MotoGP спектакл на патеката во Каталонија.
Скопје и годинава (17, мај) ќе биде дел од глобалниот мото-хепенинг The Distinguished Gentleman’s Ride, настан кој на едно место ги спојува љубителите на класичните мотоцикли и елегантниот стил со една многу поважна мисија: подигнување на свеста за машкото здравје.
Како што веќе најавивме, втората хард ендуро трка во Македонија ќе се одржи од 9-ти до 10-ти мај во организација на мото клубот Хард Ендуро - Прилеп.
Од сезоната 2027, MotoGP влегува во една од најголемите технички промени во модерната историја на шампионатот. Моторите од 1000cc заминуваат во историјата, на нивно место доаѓаат нови 850cc машини, а покрај тоа ќе има и помалку аеродинамика, забрана за ride-height и holeshot уреди, нов добавувач на гуми, 100% нефосилно гориво, крај за wild card настапите во кралската класа...
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ја стартува новата кампања посветена на унапредување на безбедноста на мотоциклистите. Активностите ќе се реализираат во соработка со Министерството за внатрешни работи, Факултетот за безбедност – Скопје и Мотоциклистичката федерација на Македонија.
Снимањето со дрон и возењето мотоцикл совршено звучат на хартија, но во пракса често изгледаат поинаку. Секој што некогаш се обидел да понесе конвенционален дрон со камера на мотоциклистичка тура го знае проблемот: транспорт, поставување, далечинско управување, вадење на заштитниците на пропелерите, стегање на телефонот во држач, па дури и прашањето каде да се остави контролерот додека се вози. Спонтани снимки? Речиси невозможно.
На вчерашната седница собранието на Република Македонија по скратена постапка го изгласа предлогот на закон за дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со кој се дозволува управување на мотоцикл со зафатнина до 125цц со возачка дозвола од Б категорија.
Европската мотоциклистичка заедница испрати јасен сигнал до креаторите на политики. На 26 март 2026 година, FIM Europe, FEMA и NMC објавија сеопфатен документ за позиција насочен кон обликување на иднината на мотоциклизмот во Европа на политичко ниво. Трите организации заедно претставуваат 77 национални мотоциклистички здруженија, кои зборуваат во име на милиони мотоциклисти низ целиот континент.