Ten Kate Racing повторно ќе биде дел од WorldSBK. На Имола или Херез, Холандскиот тим ќе се трка со Yamaha YZF-R1 а за нив ќе настапи Лорис Баз.

Со оглед на тоа дека се уште траат тестовите, малку е веројатно дека ќе се тркаат во Имола, но, од компанијата велат дека дефинитивно ќе настапат на трката во Херез која ќе се оддржи од 7-ми до 9-ти јуни.

Трансферот кон Yamaha преставува драстична промена за Ten Kate. Тимот кој беше креиран на само 45 километри од Асен, освои неколку титули во Суперспорт и Супербајк категориите.

Но, на 30-ти октомври минатата година, на Ten Kate му беше соопштено дека повеќе нема да ја има подршката на Honda и дека наместо нив, во иднина ќе ги подржат Althea и Moriwaki.

Ваквата одлука имаше големи последици. Тимот веќе го развиваше моторот за сезоната 2019 а исто така нарача и делови. Покрај сето ова, тие имаа потпишано и договор со Леон Камиер. Одлуката доведе до банкрот на Ten Kate и целосна промена на плановите.

После серијата разговори со неколку производители, постигнаа договор со Yamaha Europe во 2019 година да се натпреваруваат во WorldSBK. Целосниот договор беше склучен во јануари оваа година.

Одлуката зошто Ten Kate ја одбра Yamaha и зошто Лорис Баз се одлучи да потпише за нив е во целосниот пакет кој го нуди тимот.  Ten Kate ќе ја има целосната поддршка на Yamaha Motor Europe а трките ќе ги стартува со слична опрема каква што имаат Crescent Yamaha и GRT Yamaha. Но тие исто така ќе работат и на сопствен развој на мотоциклот и се надеваат дека до крајот на годината тој ќе биде многу покомпетитивен.

Ten Kate Yamaha Txt 2 03 04 copy copy

Самиот договор исто така носи и друга корист за Ten Kate и Yamaha. Продавниците на Ten Kate продаваат голем број на додатоци за професионални и аматерски возачи. Тие исто така продаваат и делови кои доаѓаат од нивната развојна програма која е дел од Суперспорт и Супербајк категориите.

Бидејќи Honda полека се повлекува од продукциското тркање а и се помалку лица ги користат мотоциклите на Honda за возење на тркачката патека, производите на Ten Kate Racing ќе почнат да се издвојуваат кај останатите производители. Како дел од договорот меѓу двете компании, Ten Kate сега ќе почнат да ги продаваат и производите кои се дел од Yamaha GYTR линијата.

Целта на Ten Kate и Лорис Баз е да освојат што е можно повеќе места на подиумот. А со оглед на тоа дека шампионатот е веќе почнат, немаат шанса за титулата. Сепак Баз вели дека сакаат постепено да се развиваат.

Ten Kate Yamaha Txt 2 03 04Првиот човек на тимот, Роналд тен Кате вели дека навистина бил вознемирен откако ја слушнал одлуката на Honda за повлекување. Гнев, фрустрации, тага, вели дека поминал низ сите овие емоции.

Но, како што изјави, најтешкиот дел му бил фактот дека ваквата одлука ќе значи и отпуштање од работа на голем број на луѓе со кој работел долги години. Од првичниот состав кој броел 20 лица, Ten Kate ќе се врати во WSBK само со осуммина.

На прашањето дали е среќен поради тоа што Honda се мачи во досегашниот дел од шампионатот, тој вели: „Воопшто не влијае на нас каде тие се наоѓаат на табелата.“ Барем ова докажува дека Honda не криела нешто од нив.

Лорис Баз е подготвен да го чека мотоциклот. После тешката сезона 2018, Французинот е спремен да го почека вистинскиот пакет. Претходно имаше некои опции да биде дел од BSB и MotoAmerica, но комбинацијата на Ten Kate и Yamaha R1 вреди да се почека. Во текот на зимската пауза тој работеше на својата физичка подготвеност со надеж дека ќе настапи во сезоната 2019.

Таа шанса ќе се појави на патеката во Имола или Херез. Можеби нема да бидат целосно подготвени за Имола, но се очекува се да биде на свое место за трката во Херез.

Back To Top