Хорхе Лоренцо се соочи со голем број на проблеми кои доведоа до лош настап во Аргентина.

Хорхе Лоренцо вели дека е разочаран од настаните кои ја одбележаа неговата втора MotoGP трка за тимот на Repsol Honda. Пет кратниот шампион вели дека бил уверен дека ќе има добра трка откако со неговиот RC213V имаше добра 20 минутна сесија пред почетокот на трката. За време на сесијата, тој беше за 0.4 секунди побрз од резултатот што го постигна на четвртиот слободен тренинг.

Сепак, поради топлината на самата патека, на самиот старт таа беше многу лизгава, на Лоренцо му се врати истото чувство кое го имаше во петокот и саботата. А тоа беше само почеток на проблемите. Пред почетокот на трката, Лоренцо ја надмина дозволената брзина а тоа го чинеше десет позиции подолу.

Lorenco Argentina txt 1 02 04

Во свиокот број седум тој имаше контакт со Карел Абрахам а потоа се соочи и со проблем со левата рачка на мотоциклот.

„Неверојатно“, вака Лоренцо ги опиша настаните кои го одбележаа денот. „Се беше погрешно. Како кошмар.“

„Едноставно неверојатно“ , изјави Шпанецот кој заврши на дванаесетата позиција со заостанување од 27 секунди зад победникот Марк Маркез. „Во Катар имав проблеми со квачилото а тука со брзината. Мислам дека несвесно притиснав повеќе.“

„Кога почнав да ја подобрувам позицијата, почувствував дека ми недостасува дел од пластиката на левата рачка. Таа пополека се вадеше. Се беше погрешно. Ова беше една трка на која многу тешко можев да ја подобрам позицијата.“

„Исто така и површината на патеката не беше премногу добра после Moto2 трката а и времето беше премногу топло. Беше кошмарно. Но, сепак имав среќа бидејќи Маверик и Франко излетаа надвор од патеката и успеав да дојдам до бодови.“

„Но разочаран сум бидејќи мислам дека кога ќе се појави еден проблем, работите потоа само се влошуваат. Се надевам дека вакви работи нема да ни се повторат во иднина.“

Во однос на проблемите со рачката, Лоренцо изјави: „Гумата беше премногу мека. Самиот побарав таа да биде помека но се чини дека металот ја исече. Неверојатно е дека вакво нешто се случи за време на трка.“

Lorenco Argentina txt 2 02 04

Лоренцо бараше заедно со Абрахам да имаат состанот со директорот на трката поради инцидентот кој се случи во свиокот број седум, а за кој, 31 годишниот возач вели дека бил надвор од умот.

„Се боревме за дваесетата позиција. Тој влезе одвнатре. Знаеше точно каде сум бидејќи во претходниот свиок бев пред него. Јас влегов малку пошироко бидејќи пред мене беше Зарко и уште еден друг возач. За да не се удрам во нив морав да влезам така во свиокот.“

„Ме претекна како да се бориме за победа во последниот круг. Беше многу агресивно и за малку ќе излетав надвор од патеката. Успеав да се спасам но ваквиот напад немаше никаква цел. Поради тоа отидов да разговарам со директорот на трката. Мислам дека тој потег воопшто не беше логичен.“

Дали може да се извлече нешто позитивно после уште една неуспешна трка? „Многу бев среќен за време на загревањето бидејќи испробавме нешто на мотоциклот кое многу ми го подобри чувството. Бев за 0.3 до 0.5 секунди побрз“ , изјави тој.

„Но за време на трката, со сите овие проблеми не можев да го испористам целиот потенцијал. Можеби на некому ова му делува како изговор но едноставно е неверојатно ова што се случи.“

„Единствената добра работа е што успеавме да ја завршиме трката. Во Катар бевме тринаесети а тука дванаесети. Ова се лоши позиции но мораме да гледаме напред. Сигурен сум дека наскоро нашата среќа ќе се промени.“

Back To Top