Вести од светот

MotoE: Energica зборува за ризикот од пожари кај електричните мотоцикли

Единствениот производител на мотоциклите кои се дел од MotoE серијата, Energica, се обрати во јавноста поради сомневањата кои се појавија по големиот пожар кој се случи во Херез. Велат дека има многу мали шанси пожарот да настанал од нивните машини.

Следете нè на:

 

Прелиминарните реултати од пожарот во кој настрадаа сите машини кои беа развивани за оваа серија покажуваат дека мотоциклите на Италијанската компанија не се одговорни за инцидентот кој настанал поради неисправен приклучок за струја.

Сепак, литиумските полимерни батерии кои ги користат Energica Ego мотоциклите се опасни и во случај да се запалат, треба да се примени специјална процедурва за нивно гасење.  Од компанијата велат дека иако се среќни поради нивниот безбедносен рекордд во изминативе десетина годии, сепак ќе работат заедно со првите луѓе на серијата за да ги подобрат безбедносните мерки.

Каков е ризикот од пожар кај превозните средства на Energica?

Тестовите кои ги применивме на нашите мотоцикли се истите оние кои се применети врз голем број на возила во текот на изминативе години. Тестот ги следи сите безбедносни стандарди. Ниту еден од нашите клиенти не се соочил со ваков проблем и во десет години не сме имале ниту еден безбедносен проблем. Такво нешто не се случи ниту во Херез. Поради тоа, воопшто не сме загрижени за безбедноста на нашите возила.

Кои се безбедносните мерки што ги примени Energica за да не се случат вакви работи кај мотоциклите?

Има неколку безбедносни уреди на батеријата и на самото возило кои спречуваат да се случат опасни ситуации. Постојано се следи температурата на батеријата. Дури и кога се полни, самиот систем кој го има возилото ќе спречи батеријата да достигне висока температура. За време на возењето, ако батеријата постигне одредена температура, тогаш автоматски се намалува моќноста на возилото.

MotoE Txt 27 03

Дали мотоциклите понекогаш покажале знаци на прегревање?

Тркачките мотоцикли секогаш останувале во рамките на границите кои ги имаме поставено иако нашите тест возачи поминуваат по илјадници километри. Тркачките мотоцикли ги имаат наследено безбедносните стандарди кои ги имаме поставено за нашите улични возила кои пак ги имаат потребните сертификати за возење во Европската Унија и САД. Безбедноста е нашиот главен приоритет. Како надополнување на ова, зголемен е бројот на тестови кои се направени во соработка со IRTA за да се подобри издржливоста на батериите. Овие тестови беа навистина екстремни. Се помина во најдобар ред а резултатите ги надминаа нашите очекувања.

Какви тестови се направени со цел да се гарантира интегритетот на батериите кај тркачките мотоцикли во случај на несреќа. Какви беа резултатите?

Направивме неколку тестови за да се види механичката издржливост на батеријата и колкава е нејзината опторност при удар. Резултатите беа многу подобри отколку кај тестовите направени на мотоцикли кои користат бензин.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

На ред е седмата рунда од МотоГП шампионатот која викендов ќе се вози на патеката Каталуња во близина на Барселона.

Валентино Роси вели дека нема причина за загриженост околу неговата иднина во Премиерната класа и покрај тоа што го имаше можеби најлошиот викенд во неговата 23 годишна кариера.

Нашите извори од MotoGP гаражите откриваат дека би можело да има големи промени на патеката во сезоната 2020.

Кога дојде поканата за присуство на презентацијата на двата мотоцикли на Honda, CB650R и CBR650R, навистина бев заинтересиран да отидам. На хартија, моделот 650 изгледа како еден од најпотценетите модели но навистина сакав самиот да проценам дали тоа е вистина или не.

Откако Данило Петручи победи на трката во Муџело, Џек Милер вели дека би бил среќен доколку остане дел од тимот и во 2020 година.

Дали затворањето на визирот на вашата кацига го прави воздухот што го дишете опасен?

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

  • 14 Јуни 2019 - 16 Јуни 2019
  • Кавадарци

  • 28 Јуни 2019 - 29 Јуни 2019
  • Gradski Bazen Kumanovo
  • bul.Oktomvriska Revolucija, 1300 Kumanovo

  • 28 Јуни 2019 - 29 Јуни 2019
  • Clubhouse 3313
  • Илинденска 138, Скопје

  • 26 Јули 2019 - 28 Јули 2019
  • Клубски дом
  • Планина Плачковица

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.