Motori.com.mk е првиот македонски специјализиран веб-сајт посветен на мотоциклите, мото спортот и мото-заедницата.
Првата содржина на Motori.com.mk беше објавена на 13 септември 2007 година. Оттогаш, низ страниците на сајтот поминаа илјадници вести, фотографии, трки, мото собири, клубови, возачи и приказни кои се дел од македонската мото-сцена.
Денес ги следиме најновите случувања од мото индустријата и мото спортот, но посебно внимание им посветуваме на македонските мотоциклисти, клубови и натпреварувачи – нивните настапи на домашните и меѓународните патеки, успесите и приказните кои често остануваат незабележани во останатите медиуми.
На Motori.com.mk можете да најдете дневни вести, новитети од светот на мотоциклите, MotoGP и останати мото шампионати, домашен мото спорт, интервјуа, колумни, тестови, корисни текстови и совети, информации за мото клубови и сервиси, цени на нови мотоцикли и календар на мото настани.
Посебен дел од Motori.com.mk е и нашата фото-архива со повеќе од 73.000 фотографии од трки, собири, возења и настани низ Македонија и регионот. Денес таа претставува и своевидна визуелна архива на речиси две децении од македонската мото-заедница.
Но Motori.com.mk никогаш не бил само место за читање вести. Низ годините преку сајтот и неговата заедница се организираа заеднички возења, хуманитарни акции и иницијативи, се создаваа пријателства и се формираа нови мото клубови.
Моторите и луѓето кои ги сакаат се причината поради која Motori.com.mk постои од 2007 година – и причината поради која продолжуваме и денес.
Повеќе за нашата приказна можете да прочитате во текстот „19 години возиме заедно“.
Уредник:
Благоја Мартиновски