Маркез води на табелата во пресрет на неговата омилена патека.

Во 2015 година, ние, всушност само јас, почнав да го нарекувам актуелниот шампион Марк Маркез, Капетан Америка, бидејќи од тогаш тој нема загубено на Американската патека. Дојде 2019 година и тој се уште нема пораз на оваа патека и затоа сметам дека тој е главен фаворит за победа на трката која се вози во недела.

На последната трка тој покажа во каква форма се наоѓа. На почетокот успеа да се најде во најдобрата група на возачи и тоа му помогна да го процени движењето на неговите ривали и да ги сочува пневматиците. Но за два до три круга, тој ја уништи нивната можност за победа.

COTA Txt 1 10 04 copy

Се чини дека Honda му обезбеди на 2019 RC213V поголема моќност без да се намали контактот со површината. Затоа и тој толку добро излегува од свиоците. Под претпоставка дека ќе стартува од пол позицијата во недела, многу е веројатно дека ќе се обиде да направи предност уште на стартот на трката. Барем јас би го направил тоа да сум на негово место. Оваа патека одлично и одговара на Honda. Ова нема да им се допадне на сите оние кои сакаат интересен шампионат, како во 2015 година кога Валентино Роси ја освои својата последна титула.

Неодамнешна историја во Остин

COTA Txt 2 10 04Во 2016 година, Педроса се удри во Довициозо. Маркез избега далеку напред а во обид да го стигне, Педроса премногу остро влезе во свиокот и го удри задниот дел од мотоциклот на Довициозо. Италијанецот немаше никаква престава што се случи и зашто е надвор од патеката. Покрај Маркез на подиумот таа година се најдоа Хорхе Лоренцо од Yamaha и Андреа Ианоне кој настапи со Ducati GP16. Маверик Вињалес успеа да го претекне тимскиот колега од Suzuki, Алеш Еспаргаро во борбата за четвртото место.

Во 2017 година, патеката во Америка беше повторно местото на кое очекувавме интересна борба помеѓу Маверик Вињалес, кој немаше пораз до тој момент, и три кратниот шампион Марк Маркез. Вињалес излета уште во вториот круг и му го препушти првото место на табелата на тимскиот колега Валентино Роси. Трката заврши по следниот распоред: Маркез прв, Роси втор и Педроса на третата позиција.

COTA Txt 4 10 04

Минатата година борбата за првото место беше интересна само во првиот круг. Откако во половина од првиот круг се бореше со Ианоне, Маркез излезе далеку напред во однос на своите ривали. После тоа, Ианоне немаше никакви проблеми да се одбрани од нападите на Вињалес за второто место. Во еден момент и Роси се обиде да го претекне. На крајот, Италијанецот заврши на четвртото место.

COTA Txt 5 10 04

MotoGP.com најавува интересна борба помеѓу дебитантите во серијата, Пеко Бењаиа (Pramac Ducati), Мигел Оливеира (KTM Warthog), Јоан Мир (Suzuki) и тинејџерот Фабио Куартараро (Petronas Yamaha). Од овие четворица возачи, Куартараро имаше најдобар старт откако се квалификуваше а седмата позиција на трката во Катар.  Во Аргентина, трката ја стартуваше од седмата позиција а ја заврши на осмото место. Еве ги нивните прогнози за трката која престои:

Куартараро: 8

Мир: 8

Оливеира: 5

Бањаиа: 2

Вкупно поени: 23

Се заедно, тие заостануваат за еден поен во однос на Алекс Ринс.

Кал Кратчлоу ја нарече смешна казната која ја доби на трката во Аргентина, и покрај грешката која ја направи. До некаде е и во право бидејќи е престрого да се додели казна од 30 секунди за грешка која би ти донела само 0.01 секунда. Но, правилата се такви.

Маверик Вињалес минатата недела зборуваше за проблемите кои ги има со мотоциклот во изминативе две години. Веројатно и Роси го има истиот проблем само што тој поинаку се справува со него. Кај Маверик, слично на Хорхе, изгледа дека треба се да биде на свое место за да може да се натпреварува. Лоша вест е што во овој спорт работите многу ретко се перфектни. Некои од нас веќе почнуваат да се сомневаат во неговиот квалитет.

COTA Txt 6 10 04

Хорхе Лоренцо одвои време од густиот распоред кој го има за да се пожали на речиси сите делови на Honda. Проблем со квачилото во Катар, проблемите во Аргентина, сопирачките од премногу тврди стануваат премногу меки и уште ред други работи. Патеката е премногу топла? Карел Абрахам се обидел да го претекне? Исто какои и Маверик, и Хорхе мора да ги прифати работите какви што се.  Чудно е како сите возачи кои го бркаат Маркез имаат долга листа на проблеми и поплаки.

COTA Txt 7 10 04

Но искрено, кој воопшто се грижи за тоа какво ќе биде времето. Тоа може да биде или сончево и топло, што му одговара на Маркез, или пак врнежливо, кое повторно му одговара на Шпанецот. Според прогнозите ќе биде топло, но не се знае дали ќе остане така. Еве ја мојата прогноза за местата на подиумот. Маркез секако е прв.

Вињалес: Не верувам дека оваа декада ќе успее да дојде до место на подиумот

Довициозо: Сите знаци велат не

Кратчлоу: Можеби, ако повторно не направи глупава грешка

Роси: Не, но барем ќе успее да продаде многу опрема

Хорхе Лоренцо: Не ме терајте да се смеам

Џек Милер: Можеби ќе изненади

Еве го конечниот распоред, Маркез, Кратчлоу и Милер.

Конечните резултати од трката повторно ќе ги објавиме тука а за оние од вас кои се доволно среќни за да можат да присуствуваат на трката, им посакувам да уживаат.

Back To Top