„ Во суштина, ние се уште имаме проблеми со тракцијата и со максималната брзина. Ова е главното нешто кое ни недостасува во споредба со останатите “ - Франко Морбидели

Франко Морбидели мораше да биде претпазлив со цел да ја одбрани единаесетата позиција за време на деби настапот кој го имаше во Катар. Италијанецот ја плати цената поради изборот на меки пневматици и падна неколку места подолу од осмата позиција која ја имаше некаде на средина на трката.

„Поминав многу време со мотоциклот на Yamaha но исто така имав можност да ги видам и мотоциклите на Honda. Во суштина, ние имаме проблеми при забрзувањето и тракцијата“, изјави Морбидели.

„Ова е главното нешто кое ни недостасува во споредба со нив.“

Неговиот ментор, Валентино Роси беше најдобро пласираниот возач на Yamaha откако трката ја заврши на шестата позиција со заостанување од 0.6 секунди зад победникот. Неговиот тимски колега, Маверик Вињалес беше седми со заостанување од 2.481 секунди.

Franco Morbideli Txt 22 03

Возачите на Monster се одлучија да настапат со пневматици со средна цврстина додека пак Морбидели и неговиот тимски колега, Фабио Куартараро се одлучија за предни пневматици со средна цврстина и меки задни гуми.

„Бев многу добар на стартот на трката и се обидував да ги сочувам пневматиците. Не сакав да притискамм до самиот лимит“ , изјави Морбидели.

„Мислам дека ниту еден возач не притискаше силно уште од самиот старт. Но успеав за кусо време да дојдам до добра позиција.“

„Многу сум среќен поради тоа. Задоволен сум од чувството кое го имав на мотоциклот. Единствен проблем е што не внимававме доволно на пневматиците. Кон крајот морав да бидам дополнително внимателен и да се обидам безбедно да стигнам до целта.“

„Штета е бидејќи бев навистина добар со пневматиците со средна цврстина. Се одлучив за меките гуми бидејќи мислев дека со нив ќе бидам побрз. За жал тоа не се оствари.“

„Сега ќе одиме за Аргентина и ќе видиме каков настап ќе имаме таму.“

Тимскиот колега на Морбидели, Фабио Куартараро, трката во Катар ја заврши на шеснаесетата позиција.

Back To Top