MotoGP

Петручи: Honda, Suzuki и Yamaha се многу компетитивни на оваа патека

Данило Петручи се подготвува за тешкиот викенд кој престои за неговиот тим.

Следете нè на:

 

Данило Петручи се подготвува за тешкиот викенд кој престои за неговиот тим.

Данило Петручи се подготвува за тешкиот викенд кој престои за неговиот тим и борбата со останатите екипи. Смета дека патеката во Остин е перфектна за Маркез и за Honda.

Најдобриот резултат на Италијанскиот возач на оваа патека останува осмото место кое го постигна во 2017 година. Иако се надева дека ќе го подобри тој дел, сепак вели дека патеката одговара многу повеќе на мотоциклите на Honda, Suzuki and Yamaha.

Петручи вели дека бавните свиоци им даваат поголема предност на поагилните мотоцикли и се плаши дека самата површина на патеката ќе го попречи и дестабилизира неговото возење.

Petruci Txt 12 04

Возачот на фабричкиот тим на Ducati исто така истакна и дека моторот кој го има Honda, на Маркез му дава перфектна комбинација со цел да ја одржи брзината на долгите правци.

„Мотоциклот е многу стабилен. Оваа патека е перфектна за Маркез и Honda“ , изјави Петручи. „Особено оваа година откако го подобрија моторот.“

„И во минатите години тој секогаш победуваше но сега мислам дека е многу покомпетитивен од останатите возачи. “

„Мислам дека и ние сме малку подобри во споредба со минатата година но тоа е само на хартија. Не знам зошто нашиот мотоцикл реагира така лошо на дупки. Можеби тоа е поради истата причина поради која се мачиме и во тесните свиоците.“

„Очекувам Honda и Suzuki да бидат навистина добри тука. Исто така и Роси и Вињалес.“

И покрај загриженоста, Петручи вели дека конечната оценка ќе ја даде по завршувањето на петочниот слободен тренинг. Патеката, која пред само три недели беше домаќин на трка од Индикар серијата, доби нов слој на асфалт со цел да се израмнат испакнатите делови, на кои се жалеа голем број на возачи кои се дел од MotoGP серијата.

„Мораме да разбереме дали патеката е променета бидејќи на некои делови има нов слој на асфалт“ , изјави тој. „Но не е никаква тајна дека имаме проблеми во тесните свиоци и бавните делови од патеката. Исто така и испакнатите делови се проблем бидејќи нашиот мотоцикл не реагира добро на нив. Мораме да видиме што се случува и како да го прилагодиме сетапот. “

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Вејн Рејни повторно седна на мотоциклот. Овојпат заедно со Кени Робертс и Еди Лосон настапи на патеката во Suzuka, нешто што се нема случено од 1993 година.

Во изминативе две години, BMW тивко работи на мотоцикл кој ќе има електричен погон.

Погледнете како Хамилтон вози со мотоциклот на Роси а Италијанецот настапува со болидот на Mercedes.

HOREX, Германскиот производител на мотоцикли се потпира на лубрикатните на Motul за нивните моќни V6 мотори.

Првиот човек на Yamaha, Лин Џарвис, сака да го задржи Маверик Вињалес во тимот и по завршувањето на сезоната 2020. Ваквата реакција следи откако се појавија гласини дека би можел да премине во Ducati во сезоната 2021.

„Доколку останеше малку подолго мислам дека ќе успееше. Но целосно ја разбирам неговата одлука.“ - Кал Кратчлоу

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.