Kawasaki ја проширува гамата на KLE500 за 2027 година со новата Smartride технологија
Една година по првичното претставување, Kawasaki го освежува својот модел KLE500 за 2027 година, воведувајќи...
Со насловот најлесно може да се опише новата Веспа, трета генерација на веспа со автоматски пренос која го интегрира изгледот од минатото со технологијата од иднината.

Со насловот најдобро може да се опише новата Веспа, трета генерација на веспа со автоматски пренос која го интегрира изгледот од минатото со технологијата од иднината.
Она што во 1968 година го започна „Vespa“ веќе се наоѓа во историските книги за моторите. Италијанската икона е препознатлив бренд ширум светот, а од неодамна со засилено темпо се шири низ Азискиот континент. Впрочем на презентацијата на новиот модел „Primavera“ имавме ексклузивна можност да бидеме дел од малубројната екипа која се запозна со новата Веспа еден ден пред официјалната презентација на саемот „EICMA“ во Милано, заедно со претставниците на Веспа фабриката во Виетнам во која се произведуваат новите модели за Азија.

Да се навратиме на новата „Primavera“. Моделот е поголем од неговиот претходник „LX“ кој веќе престана да се произведува. Иако во центиметри разликата не е голема, визуелно е видливо дека има промена во димензиите. Растојанието на седиштето и рачките за управување е зголемено, а со тоа има и повеќе простор за нозете на возачот, па повисоките веспаџии нема да имаат проблем со новиот модел.
Агрегатот кој се вградува во новата Веспа е со зафатнина од 49,9цц и 154,8цц, двата модели се четворотактни (за Европскиот пазар), а новата „Примавера“ е значително подобрена и вo технолошки аспект. Како што истакна и директорот на Веспа на презентацијата, „она што инженерите се потрудија да го направат е Веспа која во следните 10 години нема да има потреба да биде надградена, и модел кој ќе остане во историјата на брендот“.
За таа цел е направена нов агрегат кој функционира на принцип на стариот, но со подобрувања. Па така три-вентилскиот агрегат сега развива 9,5 киловати, а вбризгувањето на бензинот е преку системот „PFI“ (Port Fuel Injection). Одделот за развој на Веспа направил навистина одлична работа со суспензијата, новиот модел според зборовите на главниот инженер е подобрен во однос на претходникот до тој степен што воопшто и не се чувствуваат вибрациите при возењето.
Изгледот на новата Веспа Примавера е за респект, деталите како што се никлуваниот прстен околу предното светло, инструмент таблата која е во стилот на првата Веспа, и задницата која е неодолива го комплетираат она што го навестивме во насловот, нова технологија во пакување кои ќе ги воодушеви фановите на старата добра Веспа.

Новиот модел ќе биде достапен во 6 бои (Азурно сина, црвена, кафена, бела, црна и тегет), а цената се очекува да биде малку по висока од онаа на „LX“ моделот. Овластен увозник за Веспа и целата Пијаџо групација за Македонија е фирмата Динамикс од Скопје.
Повеќе фотографии од моделот ќе објавиме во текот на утрешниот ден, кога ќе биде и официјалното претставување на новата Веспа.
Иако имаше фантастичен старт на својата МотоГП кариера, американецот според многумина направи клучни грешки во својата кариера, за изминатите 12 месеци да ги помине заздравувајќи од повреди, што на крајот резултира со повлекување на Бен Спиз од мото трките.
Од неодамна повторно почна со работа „Куќа крај Патот“, добро познатиот бајкерски локал, но сега на нова локација. Бени и Трте се моторџии кои ретко кој не ги знае, а дечките имаат одлична идеја за уредување на локалот за која ќе им треба помош од сите нас.
По пријатно и сончево време, под покровителство на МФМ, a во техничка организација на МК Александар и МК Мотори од Скопје на 26 и 27 октомври на патеката кај спортскиот аеродром „Стенковец“ крај Скопје се одржа последниот натпревар од Шампионатот на Македонија во ендуро за сезоната 2013.
Регулаторната комисија за енергетика одлучи повторно да ги намали малопродажните цени на горивата, откако пред две недели цената се намали за 4 денари по литар.