(Време на читање: 1 минута)


MotoGP тимот на Јамаха денеска го објави новиот пет годишен договор со „Movistar“ за генерално спознорство.

monster-movistar-yamaha

MotoGP тимот на Јамаха денеска го објави новиот пет годишен договор со „Movistar“ за генерално спознорство.

Јамаха денеска потпиша пет годишен договор за спонзорство со Movistar. Двата големи бренда ќе имаат прилика да остварат блиска соработка, а договорот предвидува и промена на името на тимот, кој од сега ќе се вика „Movistar Yamaha MotoGP“.

Договорот предвидува целосно брендирање на тимот, вклучувајќи ги пластиките на моторите, комбинизоните, униформата на тимот, камионите, гаражата... 

Погледнете ја реакцијата на Валентино Роси и Хорхе Лоренцо при претставување на новото лого на тимот:

Ќе биде интересно да се види како Јамаха ќе ги искомбинира своите бои (сина и бела) со зелените логоа на Movistar и Monster Energy. Официјалното претставување на тимот ќе се одржи на 19-ти март на патеката Лосаил во Катар пред почетокот на првата трка од сезоната.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: