(Време на читање: 1 - 2 минути)


Новиот шеф на Априлија рејсинг тимот, Романо Албесиано, во интервјуто за MotoGP.com ги откри плановите на тимот според кои од 2016 Априлија се враќа како фабрички тим во МотоГП.

120601top

Новиот шеф на Априлија рејсинг тимот, Романо Албесиано, во интервјуто за MotoGP.com ги откри плановите на тимот според кои од 2016 Априлија се враќа како фабрички тим во МотоГП.

Шампионатот во 2016 година ќе се раководи според новите правила и класата ќе наликува на сегашната „Open“ што за нив има многу поголема комерцијална смисла.

Оваа и идната сезона Априлија преку „IODA Racing team“ ќе собира податоци за електрониката и гумите, за во 2016 да настапи како фабрички тим во МотоГП шампионатот.

Како што е веќе познато, Сузуки тимот се враќа во шампионатот од следната сезона, а со доаѓањето на Априлија од 2016 конкурецијата ќе се зголеми во МотоГП.

Според регулативата на Дорна стартната листа најверојатно ќе остане на 22 возачи (за толку возачи гумите од Бриџстоун се бесплатни), па така дури и сега кога има 23 возачи надлежните се трудат да го намалат бројот на учесници. Секоја година тимот кој е последен во шампионатот не добива финансии од страна на Дорна, со цел да се наведат учесниците да се фокусираат на Мото2 класата наместо МотоГП.

Сеуште е неизвесно дали и Кавасаки ќе се врати во шампионатот, иако за „зелените“ фокусот во моментот е на WSBK шампионатот каде се доминантни. Кавасаки го напушти МотоГП заради трошоците кои во нивната последна сезона изнесуваа 65 милиони евра, а за споредба нивниот буџет во Супербајк шампионатот е под 10 милиони евра по сезона. Со намалувањето на трошоците од 2016-та сепак се остава отворена врата за враќањето на Кавасаки што доколку се случи ќе следиме навистина возбудлив шампионат.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: