Долго очекуваниот нов модел на Yamaha, MT-07 денеска пристигна во салонот на Мото Азуро во Скопје.

1911257 258336357669715 457289776 o

Долго очекуваниот нов модел на Yamaha, MT-07 денеска пристигна во салонот на Мото Азуро во Скопје.

Новиот модел на Јамаха околу кој се крена многу прав конечно пристигна во Македонија. Увозникот на Јамаха, Мото Азуро денеска го изложи моделот Yamaha MT-07 во својот салон кој се наоѓа во центарот на Скопје, зад АМСМ.

Новата Јамаха МТ-07 е освежување во нејкед класата, нуди забавно и возбудливо возење за достапна цена. Располага со агилна шасија и адреналин низ целата крива на забрзување, како за новите возачи, така и за искусните. МТ-07 се карактеризира со агрегат од 689cm3 кој развива 75кс. Четворотактниот мотор со два цилиндри и водено ладење најголема пофалба доби заради ниската потрошувачка, нешто за што ќе имаме прилика да пишуваме откако ќе го направиме тест возењето.

И да не должиме повеќе, посетете го салонот на Мото Азуро, уверете се во убавината на новиот MT-07 и не заборавајте дека може да биде ваш за само 5.990 евра. 

Back To Top