Нашиот добар пријател и стантер Рок Багорош во август минатата година ги искина лигаментите на коленото, а видеото кое е во продолжение го покажува процесот на лекување и неговото враќање на својот КТМ.

bagoros-povreda

Првата поголема незгода за младиот Словенец се случи во најлош можен момент, пред почетокот на големата турнеја која требаше да трае 10 недели низ 3 континенти.

За секој спортист повредите се најлошото нешто што можат да му случат, а за Рок дополнителна тежина додава тоа што до тогаш немаше сериозни повреди. За него ова претставуваше менување на дневната рутина и животот исполнет со спорт требаше да го замени со мирување пред телевизорот.

За среќа програмата за рехабилитација функционираше одлично, Рок Багорош го помина 6 месечниот период во кој целосно закрепна, и сега е веќе со својот KTM Duke. Тренира 3-4 пати неделно во теретана и не се одвојува од својот мотор, но тоа е она што се очекува од професионален стант возач.

На Рок му посакуваме многу среќа и успех во понатамошната кариера, и се надеваме дека повторно ќе имаме прилика да го видиме во Скопје, овојпат со големите момци.

Back To Top