(Време на читање: 1 - 2 минути)


Ducati го претстави новиот Panigale 899 на последниот саем „EICMA“ во Милано, а сега веќе е достапен и во Македонија.

panigale899-2014-3

Ducati го претстави новиот Panigale 899 на последниот саем „EICMA“ во Милано, а сега веќе е достапен и во Македонија.

Увозникот на Дукати за Македонија, Динамикс, во својот салон го изложи новиот Ducati Panigale 899.

Ducati со новото Panigale поставува нови стандарди во класата помеѓу суперспорт и супербајк моторите која досега беше резервирана за Suzuki и неговиот GSX-R 750. Panigale 899 има агрегат со зафатнина од 898cm3, кој развива 148 коњски сили. Она што го карактеризира новиот модел е тежината од 169кг (сува тежина), како и опремата која доаѓа како стандардна кај ова Дукати.

Panigale 899 од фабрика доаѓа со ABS кочници, потоа тука е електрониката која може да се пофали со Ducati Traction Control, три типа на модови (Race, Sport и Wet), а доколку ова не ви е доволно, Дукати ви озможува секој мод да го модифицирате според вашите потреби. Секако не смее да се заборави и квик шифтерот кој доаѓа како сериска опрема кај ова Дукати, а за тркачите вреди да се спомене опционалниот DDA+ кој претставува софистициран мерач на кругови.

Brembo кочниците ќе ви овозможат да го скратите времето потребно за кочење, а тука се и Showa амортизерите кои ќе го направат возењето на Panigale 899 идеално. За крај и цената, овој убавец може да биде ваш за 15.900 евра, а можете да го погледнете во салонот на Динамикс на ул. Рузвелтова во Скопје. 

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: