Деветкратниот Светски шампион во МотоГП, Валентино Роси, денеска потпиша две годишен договор со тимот на Сузуки за кој ќе настапува од следната сезона!

rossi box

Деветкратниот Светски шампион во МотоГП, Валентино Роси, денеска потпиша две годишен договор со тимот на Сузуки за кој ќе настапува од следната сезона!

 Тимскиот менаџер на Сузуки тимот во МотоГП, Давиде Бривио на прес конференцијата која тукушто заврши ја објави сензационалната вест дека Валентино Роси ставил потпис на две годишен договор со тимот на Сузуки.

Докторот чиј договор со Јамаха истекува на крајот од оваа сезона, во 2015 ќе ги носи боите на Сузуки. Тимот околу кој се крена голема прашина по најавата дека се враќа во шампионатот, со ова ги потврди своите големи амбиции. На пресот присуствуваше и досегашниот тест возач Ренде де Пуние, за кој тимот потврди дека ќе остане на оваа функција до крајот на сезоната.

Местото во Сузуки до сега беше поврзувано со неколку возачи, иако најголеми шанси за него имаше Де Пуние, на крајот тимот се одлучи за потег кој и тоа како ги зголеми шансите на сините за следната сезона. Дали Роси направи грешка како со преминувањето во тимот на Дукати, останува да видиме, но секако не очекува возбудлива сезона, како оваа која штотуку започна, така и следната во која ќе видиме многу возачи во нови тимови.

За крај, се надеваме дека нема да ни замерите, ова сепак е само првоаприлска шега :)

Back To Top