Седумкратниот победник на легендарната трка „Isle of Man TT“, Мајкл Данлоп потпиша договор за спонзорство со BMW.

AU1140066

Седумкратниот победник на легендарната трка „Isle of Man TT“, Мајкл Данлоп потпиша договор за спонзорство со BMW.

Данлоп кој до сега настапуваше со Хонда, не успеа да ги договори деталите за настап во 2014 година, но воопшто не му беше проблем да најде нов спонзор. 

Всушност кога ќе победите седум пати на ваква трка, и кога важите за еден од двајцата најбрзи возачи на TT трката воопшто нема да ви биде проблем да најдете спонзор. На Данлоп во пресрет му излегоа „BMW Motorrad UK“ и тимот „Hawk Racing“

24 годишниот Данлоп годинава со новото BMW ќе настапи на North West 200, TT и Ulster Grand Prix трките. Говорејќи за медиумите тој истакна:

Навистина сум среќен што потпишав договор со тим како што е BMW. S1000RR е брз мотор каков што е потребен на ТТ, а заедно со поддршката од „BMW Motorrad UK“ и тимот „Hawk Racing“ имаме победнички пакет. Оваа сезона планирав да ја отседам дома, воопшто не планирав да возам но понудата од BMW беше одлична и не можев да ја одбијам. Добро е тоа што тие веруваат во мене, мислам дека ќе имаме одлична соработка. изјави Данлоп

Данлоп минатата година имаше фантастичен успех победувајќи во Superstock, Supersport и Superbike класите на TT трката. 

Трката „Isle of Man TT“ годинава ќе се одржи од 24-ти мај до 6-ти јуни.

Back To Top