MotoGP

MotoGP: Маркез победи, Лоренцо падна, Роси се врати во игра

Сезоната започна на најдобар можен начин, со фантастична трка во која имаше многу пресврти и падови за најава на она што може да биде една од најдобрите сезони во последните години.

Следете нè на:

 

46rossi93marquezПобеда за Маркез и враќање во игра на стариот и познат Валентино Роси

Сезоната започна на најдобар можен начин, со фантастична трка во која имаше многу пресврти и падови за најава на она што може да биде една од најдобрите сезони во последните години.

Првата рунда во сезоната започна невообичаено од резултатски аспект со првиот тренинг, на кој „вонземјаните“ ги немаше, а најдобар резултат забележа Алеш Еспергаро со својата сателитска Јамаха.

Трката започна со Маркез на пол позицијата, следен од Алваро Баутиста и Бредли Смит, но Хорхе Лоренцо беше човекот кој изби на чело на колоната, а Валентино Роси успеа да дојде до 8-та позиција од почетната 10-та. Сепак радоста на фановите на Лоренцо траше кратко бидејќи за жал шпанецот падна во 15-от свиок од истиот круг.

По падот на Лоренцо првата позиција ја превзема Штефан Брадл, кој стартуваше од седмото место, а успеа да ги помине и Маркез и Роси, кои до крајот останаа во главна улога. Брадл не го издржа притисокот и заврши крај патеката, а Роси со избивање на првата позиција ги крена малубројните гледачи на нозе. До крајот следевме одлично возење и од Алваро Баутиста кој исто како и Лоренцо немаше среќа да ја заврши трката, а во листата на паднати возачи се вброи и Пол Еспергаро.

Трката во Катар не потсети на оние фантастични трки кои Роси ги имаше со Стонер и Лоренцо, овојпат тоа беше Маркез, а „Докторот“ покажа дека се враќа во игра. Не тактизираше, не одеше на сигурно возење и 20 бодови од втората позиција, напротив, возеше агресивно и во директен дуел се обиде да дојде до првата позиција.

Поз.Бод.Бр.ВозачЗемјаТимМоторКм/чВреме
1 25 93 Marc MARQUEZ SPA Repsol Honda Team Honda 166.4 42'40.561
2 20 46 Valentino ROSSI ITA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha 166.3 +0.259
3 16 26 Dani PEDROSA SPA Repsol Honda Team Honda 166.1 +3.370
4 13 41 Aleix ESPARGARO SPA NGM Forward Racing Forward Yamaha 165.6 +11.623
5 11 4 Andrea DOVIZIOSO ITA Ducati Team Ducati 165.6 +12.159
6 10 35 Cal CRUTCHLOW GBR Ducati Team Ducati 164.5 +28.526
7 9 45 Scott REDDING GBR GO&FUN Honda Gresini Honda 164.3 +32.593
8 8 69 Nicky HAYDEN USA Drive M7 Aspar Honda 164.3 +32.628
9 7 5 Colin EDWARDS USA NGM Forward Racing Forward Yamaha 163.8 +39.547
10 6 29 Andrea IANNONE ITA Pramac Racing Ducati 163.6 +43.360
11 5 7 Hiroshi AOYAMA JPN Drive M7 Aspar Honda 163.4 +46.595
12 4 68 Yonny HERNANDEZ COL Energy T.I. Pramac Racing Ducati 163.4 +46.688
13 3 17 Karel ABRAHAM CZE Cardion AB Motoracing Honda 163.1 +50.581
14 2 9 Danilo PETRUCCI ITA IodaRacing Project ART 162.4 +1'03.127
15 1 23 Broc PARKES AUS Paul Bird Motorsport PBM 161.7 +1'14.386
16   70 Michael LAVERTY GBR Paul Bird Motorsport PBM 160.5 +1'32.593
17   63 Mike DI MEGLIO FRA Avintia Racing Avintia 160.3 +1'36.085
Без пласман
    19 Alvaro BAUTISTA SPA GO&FUN Honda Gresini Honda 166.2 2 круга
    38 Bradley SMITH GBR Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 166.1 круга
    44 Pol ESPARGARO SPA Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 165.0 круга
    6 Stefan BRADL GER LCR Honda MotoGP Honda 165.6 14 круга
    8 Hector BARBERA SPA Avintia Racing Avintia 160.7 18 круга
    99 Jorge LORENZO SPA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha   0 круга

Следната трка се вози на 13-ти Април на патеката „Circuit Of The Americas“ во САД.

 

Би можело да ве интересира

Неделата воопшто не изгледаше како ден на кој ќе се постави нов рекорд во Мото3 класата. Дождот предупредуваше да не се преземаат ризици и да се биде внимателен. Но Чан Онку се погрижи да се случи токму спротивното.

Последната трка од шампионатот ја одбележаа многуте падови, победата на Довициозо и подиумот на Алекс Ринс, а она што беше нај впечатливо беше успехот на Пол Еспергаро кој го донесе КТМ на третата позиција.

GRT Yamaha официјално потврди дека ќе му се приклучи на FIM Светскиот Супербајк шампионат во 2019 година, а Марко Меландри и Сандро Кортезе ќе бидат возачи на екипата.

Џонатан Реа уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите возачи откако постигна најбрзо време на првиот зимски тест кој се оддржа на патеката во Арагон. Пробувајќи го за прв пат  ZX-10RR опремен со новите спецификации, Реа беше за 1.5 секунди побрз од останатите возачи.

Три кратниот светскиот шампион беше именуван за член на MotoGP™ Legend а Шпанецот исто така за време на последната трка од сезоната која се вози во Валенсија ќе биде вклучен и во куќата на славните. Педроса, во 2003 година ја освои титулата во категоријата од 125cc а во 2004 и 2005 година титулата во 250cc. Тој е еден од најуспешните возачи во премиерната класа.

„ Ducati потврди дека нема да биде продолжена соработката со поранешниот MotoGP шампион“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.