Производителот на гуми за МотоГП шампионатот, Бриџстоун, најави дека од првата трка во оваа сезона ќе воведе нови ознаки за гумите, со цел гледачите да знаат кој возач со каква компонента вози.

2014-Bridgestone-BATTLAX-MotoGP-rear-slicks

Производителот на гуми за МотоГП шампионатот, Бриџстоун, најави дека од првата трка во оваа сезона ќе воведе нови ознаки за гумите, со цел гледачите да знаат кој возач со каква компонента вози.

Според новите правила фабричките мотори и отворената класа на трките ќе имаат пристап до гуми со различни компоненти, па Бриџстоун се одлучи на ваков чекор со цел гледачите веднаш да знаат кој возач со какви пневматици ќе вози.

Новиот систем предвидува секоја компонента - тврди, средни, меки и екстра меки да имаат различна боја, правило кое ќе се применува во целата сезона почнувајќи од првата трка.

Шемата за бои е следна:

  • Extra-soft (Екстра мека): Зелена боја
  • Soft (Мека): Бела боја
  • Medium (Средна): Црна боја (без лента)
  • Hard (Тврда): Црвена боја

Bridgestone-BATTLAX-MotoGP-slick-tyre-colour-scheme

 Кај гумите за дожд нема промени бидејќи има само две компоненти во игра, тврда и мека, а одбележувањето и понатаму останува гума без лента која означува тврда компонента, и бела лента која ја симболизира меката компонента.

Back To Top