Kawasaki ја проширува гамата на KLE500 за 2027 година со новата Smartride технологија
Една година по првичното претставување, Kawasaki го освежува својот модел KLE500 за 2027 година, воведувајќи...
Џош Шихан со двојно салто наназад го проби својот пат кон спектакуларната победа на дуелот од Red Bull X-Fighters во Минхен, летна бајка која што ја престори борбата за титулата во натпревар на двајцата најдобри пред финалето на сезоната во Јужна Африка.
По бавниот почеток на сезоната, бранителот на титулата во Red Bull X-Fighters Томас Паже од Франција направи камбек во коридата Лас Вентас во Мадрид, и тоа со гнев. За да ги совлада конкурентите кои направија спектакуларни изведби на точки што некогаш се видени во ова натпреварување, тој мораше да создаде историја и успеа во тоа, изведувајќи ја првата точка со превртување на моторот.
Викендов на патеката Глобаре во Србија се возеа трки од Источно-Европскиот шампионат во мотокрос нa кој учествуваа пет натпреварувачи со македонски лиценци. Нај успешен од нив беше Христијан Илиоски - Кико, кој во најсилната класа го освои третото место и повторно со пехар се врати во Македонија.
Нашиот најдобар мотоциклист на Источно-Европскиот шампионат во мотокрос, Христијан Илиоски - Кико забележа победа во четвртата рунда од сезоната.

Нашиот најдобар мотоциклист на Источно-Европскиот шампионат во мотокрос, Христијан Илиоски - Кико забележа победа во четвртата рунда од сезоната.
Од почетокот на сезоната во Источно-Европскиот шампионат во мотокрост поминаа четири рунди, или седум трки кои беа доволни нашиот најдобар натпреварувач во оваа конкуренција да се закити со златото. Дека Илиоски е повторно во онаа препознатлива форма се покажа на самиот почеток од сезоната, трките во Грција за Кико беа прв меѓународен успех по подолга пауза, па иако се врати со трето место за неговите фанови успехот беше еднаков на победа.
Потоа следуваше втората рунда во сезоната, трката во Турција која му ја донесе втората позиција и напредок во генералниот пласман. Следуваа трките во Романија, каде она што требаше во најмала рака да биде повторување на успехот се претвори до дебакл. Најдоброто време на квалификациите и тренинзите навестуваа конечна победа во меѓународни рамки, но за жал трките беа откажани па остана само сатисфакцијата дека времето на Илиоски е нов рекорд во Романија.
Дојде на ред и Босна. Трка која многумина од натпреварувачите ја прешкртаа од календарот на самиот старт, многупати до сега беше откажувана, па никој не ни помисли дека по поплавите Босанската мото федерација ќе ја организира трката. Сепак се покажа дека кога се сака, се се може. Трката се одржа иако условите беа тешки, вирови на стазата и бразди кои се појавуваа со секое поминување на кросевите, a на крајот од денот, по две извозени трки, трето место за Илиоски.
Три рунди, три пехари и трето место во генералниот пласман. Изминатиот викенд се возеше четвртата рунда во сезоната која конечно го донесе заслужениот успех за младиот битолчанец. Илиоски дојде до победа на патеката Сливен во Бугарија и со тоа се искачи на втората позиција во генералниот пласман на Источно-Европскиот шампионат.

Сепак борбата не застанува тука, веќе утре тој заминува за Србија, каде на патеката глобаре ќе се обиде да го повтори успехот и да дојде на чекор поблиску до водечката позиција која во моментов му припаѓа на Адријан Радута од Романија.
Нашиот втор претставник, Борче Костов - Жолт кој се натпреварува во класата МХ3 и МХ3 Ветерани забележа шесто и седмо место во Бугарија. Костов кој е верен сопатник на Илиоски на сите трки од Источно-Европскиот шампионат забележа солидни резултати на сите досегашни рунди, па така по фантастичното второ место во Босна и бодовите од оваа трка тој сеуште се наоѓа на третата позиција во неговата класа.

Илиоски и Костов овој викенд ќе продолжат со трките во Србија, пред летната паузата од два месеци по што ќе продолжи шампионатот. До крајот на сезоната предвидени се уште 5 рунди (10 трки) за кои на нашите натпреварувачи ќе им биде потребна помош. Се надеваме дека конечно ќе се најде решение, дали преку институциите или преку спонзор кој ќе застане зад успешните возачи, но навистина е жално успехот на меѓународен план да не биде соодветно награден.
Во недела со почеток од 10 часот на плоштадот „Македонија“ во Скопје ќе биде одбележана неделата за безбедност на мотоциклистите во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Мотоциклистичката Федерација на Македонија.
Мото клубот MCC Coyotes – Скопје на ден 27-07-2014 ги поканува сите Мото клубови и вљубеници во мотоциклизмот на еднодневно групно и заедничко дружење и возење до Охрид (Св. Еразмо) кое традиционално го организираме во чест и сеќавање на нашиот другар Тони Охохо.

Мото Клубот REAPERS MК Bogdanci официјално премина во REAPERS МС Macedonia - (Prospect MC), со одобрение од останатите МС клубови во Македонија, почитувајќи ги традиционалните МС правила.
REAPERS MC носат свои препознатливи бои кои гордо ги носат и ги бранат, како и сојуз 14:23. Сојузот претставува унија, братска врска, соработка и почит меѓу клубовите.
Во организација на Мото Клуб ”Мечки” од Куманово и Еуро Бајкер од Германија, во кумановската Општа Болница пристигна големата хуманитарна пратка од пет товарни возила – шлепери, наменета за помош на болницата, Домот за стари лица ”Зафир Сајто”, како и за Дневниот центар за децата со посебни потреби до 18 години.
MotoGP шампионатот е пред петтата трка во сезоната која во недела се вози на патеката ЛеМан во Франција. Денешните возбудувања ги одбележаа двата слободни тренинга, утре на програмата се уште два и квалификациите, а трката во недела е со почеток во 14 часот.