(Време на читање: 1 - 2 минути)


По пауза од три недели МотоГП шампионатот продолжува викендов со трката на патеката „Circuit of the Americas“ во Тексас, САД.

cota-motogp

По пауза од три недели МотоГП шампионатот продолжува викендов со трката на патеката „Circuit of the Americas“ во Тексас, САД.

По успешното деби минатата година на новата патека во Остин, Тексас, „Circuit of the Americas“ ќе биде домаќин на втората трка во годинешниот МотоГП шампионат. Патеката која е со должина од 5,515km е една од нај техничките во шампионатот со висинска разлика, најдолг правец и бавни но и многу брзи свиоци.

Сето ова ја прави CoТA возбудлива патека која го вади максимумот од возачите, но и од моторите. На правецот кој е со должина од 1200м се развива брзина од скоро 350км/ч, патеката има повеќе леви свиоци но гумите се повеќе оптоварени од десната страна заради долгите и брзи свиоци.

cota-izgled

По првата трка во шампионатот Марк Маркез е водечки, но веднаш зад него е Валентино Роси, а на третата позиција е Дани Педроса. Од водечката четворка во Катар без бодови остана Хорхе Лоренцо кој сигурно ќе сака да ја надополни разликата на оваа трка. Секако тука се и фантастичните Алеш Еспергаро кој финишираше како четврти во Лосаил но и Алваро Баутиста кој за жал немаше среќа.

Не очекува одличен викенд, а возбодувањата започнуваат во петок во 16.55 кога на програмата е првиот тренинг, а вториот тренинг започнува во 21.05. Во сабота ќе можеме да го следиме третиот тренинг од 16 часот, четвртиот тренинг е во 20.30, по што започнуваат квалификациите, првите во 21.10, а вторите во 21.35.

Во недела трката започнува во 21 часот, пренос од сите возбудувања можете да гледате на СпортКлуб каналот или преку стриминг на http://www.sportcategory.com/c-10.html

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: