Во недела тројца наши натпреварувачи ќе настапат на трка во Грција како подготовка за првата трка од Источно Европскиот шампионат во мотокрос кој започнува на 23 март на патеката Серес.
Во недела тројца наши натпреварувачи ќе настапат на трка во Грција како подготовка за првата трка од Источно Европскиот шампионат во мотокрос кој започнува на 23 март на патеката Серес.
Според досегашното искуство, првата трка на патеката Каротица во Грција секојпат привлекува многу кросисти, а конкуренцијата е навистина голема. Освен домаќините кои се во голем број, се очекува настап и на повеќе натпреварувачи од Бугарија, Србија, Црна Гора, Албанија, како и тројца претставници од Македонија: Гоце Томовски, Христијан Илиоски и Борче Костов.
Трката нема да им донесе бодови на нашите натпреварувачи бидејќи е од затворен карактер, но се работи за одлична можност за тренинг пред почетокот на сезоната. Каротица е карактеристична патека бидејќи подлогата е песочна и за кусо време станува навистина тешка за возење.
Годинава во ИЕШ за мотокрос се закажани дури 12 трки од кои првата се вози на 23-ти март на патеката Серес во Грција. Според провизорниот календар во Македонија треба се возат две трки, едната во Гевгелија на 6-ти април, а втората на новата патека во Прилеп на 21-ви септември. Предвидени се трки и во Турција, Романија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина и Молдавија.