Со спектакуларната победа во Мексико Сити минатата сезона, бестрашниот Французин Томас Паже полета на патот кон освојување на шампионската титула во светското првенство на Red Bull X-Fighters.
Со спектакуларната победа во Мексико Сити минатата сезона, бестрашниот Французин Томас Паже полета на патот кон освојување на шампионската титула во светското првенство на Red Bull X-Fighters. Оваа година многу талентирани возачи на мотокрос во слободен стил (ФМХ) се подготвени да испишат нови страници во историјата на ова натпреварување. Спортскиот директор на првенството, Тес Сеуел, очекува и 2014 година да биде возбудлива, со шестмина кандидати за тронот кои со своите изведби ќе го предизвикаат Паже.
- Том е новата цел откако стана светски првак во Red Bull X-Fighters, но другите возачи ги видеа неговите планови, па напорно тренираа за да се справат со нив,- изјави првиот човек на ова натпреварување во пресрет на новата сезона.
Настанот што го запали Мексико Сити беше првата од неколкуте епски битки што во текот на сезоната ќе се протегнат на четири континенти. Светскиот првак од 2012 година, Ливај Шервуд ја освои победата, додека ланскиот првак Томас Паже беше елиминиран во четвртфиналето. Арената која што ја има најтесната патека оваа сезона беше обоена во фреските на змискиот Бог на Ацтеките, Кецалкоатл, а на неа најдобрите возачи во ФМХ скокаа и до 15 метри во височина. Возачите на Red Bull X-Fighters серијата успеаја да ја надгласнат публиката која ја исполни до последното место монументалната корида во Мексико Сити, чиј капацитет е 38.000 гледачи. Тие ги бодреа возачите да изведуваат егзибиции во воздухот, при што на крајот на подиумот се најдоа Ливај Шервуд од Нов Зеланд, пред Џош Шихан од Австралија и Дани Торес од Шпанија.
Шервуд влезе во натпреварувањето решен да вози на свој начин, изведувајќи егзибиции како „Бакнеж на смртта“ со салто наназад, како и ротација на телото додека седи на моторот. Битката со Шихан беше изедначена, бидејќи тој беше подобар во две од петте категории кои се бодуваат од судиите.
- Се обидував да не се фокусирам против кого возам и се обидував да го дадам максимумот. Како што ќе се развива сезоната, ќе се обидам да продолжам да притискам и да одам по својот пат,- рече Шервуд.
- Публиката во Мексико Сити те прави да се чувствуваш толку добро и воздигнато. Ова е епски, зборовите не можат да го опишат,- додаде Шихан.
Шпанецот Торес беше фаворит на публиката, а неговата ѕвездена изведба претставуваше ветување за идните настани, со напомена дека треба да ја залечи повредата на зглобот на ногата. Во меѓувреме, Паже заврши петти, иако во текот на својот настап имаше проблеми со изведбата на еден трик и тоа ја наруши неговата рутинирана егзекуција.
Влегувајќи во својата 14 сезона, Red Bull X-Fighters по волшебното отворање на сезоната во Мексико Сити се враќа во Азија, во земјата на изгрејсонцето со трката во Осака на 25 мај. Прославениот настан во Мадрид на коридата Лас Вентас е закажан за 27 јуни, по што следува камбекот во Минхен каде што на Олимпискиот стадион ќе биде подготвена патека за егзибиции над вода! Трката во Германија е на 19 јули, додека првиот настан во Африка е закажан за 23 август, што е гаранција за возбудливо финале. Актуелниот шампион Паже беше единствениот во 2013 година со две победи, но Дани Торес од Шпанија, Род Аделберг од Австралија и Така Хигашино од Јапонија докажаа дека можат да го победат темпераментниот Французин, кој е чртврти различен првак во последните четири сезони на ова натпреварување.
Резултати:
1. Ливај Шервуд (Нов Зеланд)
2. Џош Шинан (Австралија)
3. Дани Торес (Шпанија)
4. Адам Џонс (САД)
5. Томас Паже (Франција)
6. Роб Аделберг (Австралија)
7. Хавиер Вилегас (Чиле)
8. Макиел Мелеро (Шпанија)
9. Либор Подмол (Чешка)
10. Реми Бизур (Франција)
11. Ерик Руиз (Мексико)