Бриџстоун започнува наградна игра која ќе им овозможи на 12 среќници да се запознаат во живо со Валентино Роси.

Бриџстоун започнува наградна игра која ќе им овозможи на 12 среќници да се запознаат во живо со Валентино Роси.
Производителот на гуми Бриџстоун кој е единствен снабдувач со пневматици во МотоГП шампионатот започнува со наградна игра во која 12 среќници ќе имаат можност во живо да разговараат со Валентино Роси.
Наградната игра е поделена на 6 сегменти од која најдобрите двајца во секое коло ќе имаат прилика да се запознаат со Роси.
Во секој круг ќе бидат поделени по максимум 46 награди, меѓу кои има облека потпишана од Роси, капчиња, часовници брендирани од Бриџстоун и сл.
За да учествувате во играта, кликнете овде, првото прашање кое треба да го одговорите е: „Кое е времето на најбрзиот круг кој Валентино Роси го забележа на трката во Катар оваа година“?

Коментари