Актуелниот МотоГП шампион Марк Маркез се здоби со скршеница на ногата за време на мотокрос тренинг на патека западно од Барселона.

1389491681-marc-marquez-and-brad-baker-compete-at-1st-superprestigio-dirt-track 3655317

Актуелниот МотоГП шампион Марк Маркез се здоби со скршеница на ногата за време на мотокрос тренинг на патека западно од Барселона.

Маркез веднаш по падот беше однесен во болницата во Барселона каде по направените испитувања е потврдена скршеницата. Според зборовите на докторот Хавиер Мир, за среќа Маркез нема оштетување на лигаментите ниту дислокација па нема да биде потребна операција, но за целосно закрепнување ќе бидат потребни 3-4 недели.

Благодарение на магнетната терапија со која веднаш започна Маркез се очекува за овој период тој да биде целосно опоравен од повредата. За сега HRC тимот потврди дека Маркез ќе го пропушти тестирањето во Малезија, но најави дека е можно тој да го пропушти и тестирањето на Филип Ајленд. Во секој случај тимот очекува Маркез да биде целосно подготвен за првата трка која ќе се вози на 23 март во Катар.

Навистина несреќна случка која може да му се случи секому и секаде. Веднаш ме пренесоа во болница каде Др. Мир потврди дека нема оштетување на лигаментите и за среќа се работи за чиста скршеница.вели во соопштението до медиумите Маркез
Back To Top