Kawasaki ја проширува гамата на KLE500 за 2027 година со новата Smartride технологија
Една година по првичното претставување, Kawasaki го освежува својот модел KLE500 за 2027 година, воведувајќи...
Иако моделот на Kawasaki Z1000 кој го добивме на тест од Динамикс е од 2015 година, тој се појави на пазарот во 2014 година и претставува четврта генерација од кога се произведе првиот модел во 2003 година.
Мотоциклистичката Федерација на Македонија ќе биде претставувана од 5 возачи во 2 класи. Во класата до 125цм3 (SP Junior) ќе настапуваат Аргетим Рамадани (МК Мотори), Христијан Бузалковски (МК Мотори) и Марин Сугарев (МК Мото Велес). Во класата до 600цм3 (SBKS600) ќе настапат Игор Спиров - Зизи (МК Гого) и Слободан Ивчески - Цобо (МК Сакамото).
Борче Костов - Жолт, Јове Стојков - Јовтиќ, Мирче Ќорнаков, Васко Киров, Саше Трајков, Борис Мојсовски, Никола Дабиќ, Николче Тодоров - Мајорот, Илија Минев, Јован Јовановски и Ангел Ристов се натпреварувачите кои оваа сезона ќе носат бодови за МК Ноќни Волци.
По двата одржани слободни тренинзи на патеката „Circuit of the Americas“ во Тексас (САД) Дукати и Хонда се најдоа на врвот на провизорните листи, а времињата на првите 7 се со разлика помала од 1 секунда. Дукати не запира но Хонда го возвраќа ударот преку Маркез, а Роси и Лоренцо повторно ќе се обидат да се замешаат во предниот дел од колоната, па сигурни сме дека во недела не очекува возбулива трка.
Христијан Илиоски - Кико, нашиот најдобар кросист во класата МХ1 викендов го започнува походот на Источно Европскиот шампионат во мотокрос на патеката Јаница во Грција. Кико повторно се соочува со проблемите од минатата сезона, финансиите се главна пречка за успешно претставување на Македонија во овој шампионат, но дополнителен проблем сега е и потрошеноста на опремата со која тој треба да го одбрани вице-шампионското место, но и да атакува на шампионската позиција.
На саемот „EICMA“ во Милано бевме дел од одбрана група која уживаше во италијанската префинетост, стил и начин на живот наречен Ducati Scrambler. Од сега новиот Scrambler е достапен за македонската јавност благодарение на Динамикс, увозникот на Дукати за Македонија.