(Време на читање: 1 - 2 минути)


Forward Racing официјално потврди дека Лука Марини, полубратот на Валентино Роси, следната година ќе дебитира во Moto2 шампионатот.

Luca Marini

Forward Racing официјално потврди дека Лука Марини, полубратот на Валентино Роси, следната година ќе дебитира во Moto2 шампионатот.

Името на Марини стоеше заедно со името на Лоренцо Балдасари, уште еден возач од VR46 академијата, на списокот на можни возачи за 2016 година. Сега и официјално е потврдено дека 18 годишниот возач потпишал неколку годишен договор.

Марини го имаше своето деби во Moto3  шампионатот во 2013 година на трката која се возеше во Мизано. Оваа година на истата патека заврши на 21-то место но во Moto2 CEV шампионатот.

„Во исто време сум среќен и возбуден поради оваа одлична можност,“ изјави Марини. „Следната сезона ќе биде многу напорна и важна. Возењето за Forward Racing е одлична можност за мене да созреам и да научам многу работи од тимот и од моите колеги. Сакам да ја искористам оваа можност!  Сакам да им се заблагодарам на Џовани и на VR46 академијата за оваа можност и се надевам дека ќе им се оддолжам за довербата што ја имаат во мене.“

Куцари додаде: „Навистина сум среќен што го најавувам новиот возач за 2016 година. Лука е млад возач и горди сме што ќе го имаме во нашиот тим. Лука ќе вози заедно со Балда. Двајцата ќе бидат тим од талентирани, млади италијански возачи.Тоа што ја имаме поддршката од VR46 академијата уште повеќе го зголемува моето задоволство.“

Балдасари заврши на деветото место на овогодинешниот светски шампионат. Врв на сезоната му беше местото на подиумот кое го освои на трката на Филип Ајленд.

Откако го комплетираше тимот за оваа сезона, Moto 2 шампионатот ќе биде единственото нешто на што ќе се фокусира тимот на Forward Racing, заедно со новиот проект што го имаат во WSBK шампионатот со екипата на MV Agusta.

 

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: