Од Suzuki објавија многу, навистина многу документи за нивната најнова иновација GSX-R1000, кој во моментов е заведен само како концепт. 

Откако се вративме од „EICMA“ средувајќи ги импресиите решивме да посветиме повеќе внимание на овој модел.

Поминаа три декади и повеќе од милион примероци продадени откако GSX-R беше роден.  А поминаа 15 години и откако првиот GSX-R1000 ја промени историјата на оваа класа мотоцикли.

Сега во Suzuki сметаат дека шестата генерација на овој мотоцикл ќе го редефинира зборот најдобар.  Во него е вклучено целата животна работа и професионалните амбиции на инжинерите од Сузуки кои се пасионирани за GSX-R1000 и неговото место во мото историјата. Луѓе кои сакаат возење и натпреварување, ентузијасти кои се решени да му ја вратат титулата на најдобар спортски мотоцикл на GSX-R1000.

Тие ветуваат многу: Тоа е најјакиот, најбрзиот, најдобриот GSX-R некогаш направен. Исто така тој е и најлесниот, најкомпактниот и најаеродинамичниот GSX-R1000 некогаш произведен. Има одличен електронски систем на моторот кој не бара инжинерска диплома за да го разберете. И не му е потребна постојана грижа од лица што се разбираат со компјутери.

gsxr 1000 2017 2

Но пред се, тој е GSX-R.  По дефиниција, тој е произведен да трае и да можете да се ослоните на него и е дизајниран да го направи подобар возач секој кој има среќа да го вози.  Во неговото создавање е користено знаење кое е добиено во изминативе 30 години производството на Superbike, Superstock и Endurance мотоцикли ширум светот, комбинирано со технологија која е развиена во MotoGP шампионатот.

Срцето на секој тркачки мотоцикл чука во секој GSX-R1000 модел. Неговата примарна цел е да ја врати титулата кај спортските мотоцикли. Оваа едноставна но директна цел можете да ја видите во професионалните амбиции на инжинерите на Suzuki, кои се решени да го вратат GSX-R1000 на вистинското место. Концептот GSX-R1000 2017 е најмоќниот и најбрзиот GSX-R што е некогаш создаден.

Цели при дизајнирањето на моторот:

  • Да се создаде најмоќната GSX-R машина што е некогаш произведена
  • Да се постигнат најдобрите перформанси без притоа да се жртвува дел од моќноста
  • Да се оптимизираат димензиите на моторот
  • Да се подобрат перформансите и издржливоста користејќи ја MotoGP технологијата
  • Да се задржи главниот дел на Suzuki, неговата издржливост

Цели при изработката на шасијата:

  • Да се создаде најлесниот GSX-R1000
  • Да се произведе најкомпактната GSX-R1000 шасија
  • Да се подобри изгледот на мотоциклот
  • Да се олесни возењето

Цели при изработката на изгледот:

  • Да се задржи неговиот стил
  • Да се подобри обликот со цел да се подобрат перформансите
  • Да се поврзе со боите и облиците кои ги има во MotoGP

gsxr 1000 2017 3

Сега знаеме кон што цели тимот на Suzuki. Ајде да ги видиме главните делови на мотоциклот. Да почнеме со моторот.

Моторот:  Има четворотактен мотор со зафатнина од 999цм3 и водено ладење. Тој е произведен да ја зголеми моќта без притоа да изгуби нешто. За таа цел го користи Broad Power System концептот, кој е преземен од MotoGP технологијата.  Новите димензии на моторот се компактни и со тоа му овозможуваат на мотоциклот да има одлични перформанси.

Кога зборуваме за перформанси, Suzuki Racing VVT е новитет. VVT го оптимизира мерењето како за високите вртежи така и за нискиот и средниот „RPM“. На тој начин, се добива дополнителна моќ без ништо да се загуби.

Новиот вентилен систем на овој мотоцикл е преработен од предходен модел.  Со него се добива подобра контрола на вентилите и можност за повисок вртежен момент. Помалата маса исто така овозможува повисоки вртежи. Контролата исто така е подобрена. Овој концепт користи Top Feed Injector од Сузуки. Вториот ваков дел е  лоциран на врвот на воздушниот дел и овозможува лесен тек на горивото. Овој дел овозможува поголема моќност без да се намали вртежниот момент. 

Инжинерите од Сузуки додадоа два серво SET-A вентили, по еден на секоја страна. Тие остануваат затворени за да овозможат помалку вртежи и помала моќност, а потоа се отвараат за да додадат дополнителна моќност при повисок вртежен момент.

Шасијата: Сузуки ја продолжува традицијата на алуминиумски рамки вметнати во GSX-R моделите за да се создаде најлесниот GSX - R1000 модел. Обликот е внимателно дизајниран не само да овозможи полесно возење туку и да го поддржи широкиот спектар на додатоци.

Директно произведена низ трки, SHOWA BFF вилушката користи надворешни кола за да го изедначи притисокот на маслото кое го има над и под клипот. Користењето на надворешни кола овозможува подобо, попрецизно и поконзистентно движење на клипот. Надворешни резервоари за масло исто така се користат за да се стабилизира суспензијата.

На задниот дел на мотоциклот, најновиот дел на SHOWA, BFS е значително полесен од претходните верзии. Ова не само што ја намалува масата на мотоциклот, туку и ја подобрува суспензијата. Како што се движи BFRC клипот, маслото се притиска низ надворешните кола. Потоа оди низ вентилот и повторно се враќа на другата страна на клипот. Системот ја балансира моќта и на двете страни од клипот, притоа овозможувајќи му полесно и поконзистентно движење. Разликата може да се забележи на тркачка патека, каде што возачите изјавуваат дека има подобро чувство, полесно движење низ свиоците и полесна контрола.

gsxr 1000 2017 4

Каросеријата: Новиот GSX-R1000 концепт има каросерија инспирирана од MotoGP, која е повеќе аеродинамична и е дизајнирана да ги подобри перформансите за време на трката. Новата каросерија е покомпактна и по накосена за да се подобри аеродинамиката.  Според Сузуки, дури и штрафовите се редизајнирани.  Сега тие имаат рамни врвови.  Отстранети се и други додатоци за да се намали турбуленцијата. Резервоарот е понизок, со тоа овозможувајќи му на возачот полесна контрола. Тоа исто така ги подобрува и аеродинамичните перформанси на мотоциклот.

Електроника:  Секако дека има Ride-by-wire електроника. Движењето на рачката за гас е внимателно измерена и електронски се пренесува на серво механизам. Овој систем го следи движењето на возачот со цел да се добие најголемо забрзување.

Новиот GSX-R1000 концепт го има напредниот систем за контрола на тракцијата на Сузуки кој му овозможува на возачот да не може само да одбере 3 модели на моќност туку има 10 различни нивоа на контрола на тракцијата во зависност од личните желби и искуството кое го има возачот. S-DMS моделите и нивото на TC интервенција може да се променат додека возите. По промената, возачот треба само да ја пушти гаста за новите сетинзи да стапат во сила.

gsxr 1000 2017 5

Моќноста на мотоциклот е профилирана преку S-DMS систем. Оваа опција овозможува лесна селекција на една од трите опции на моќност на моторот во зависност од желбите на возачот.  Возачот може да одбере модел со притискање на копче кое се наоѓа на левата страна. Три различни мапи на горивото се снимени во ECM и со тоа се даваат три различни карактеристики на моторот. Заедно со 10-те нивоа на контрола на тракцијата,  системот S-DMS му нуди на возачот голем избор за тој да може сам да одлучи како сака неговиот мотоцикл да се движи.  Бидејќи ова е само концепт, нема обични ABS сопирачки туку има електронски ABS сопирачки. Системот собира податоци од истите сензори како и системот за контрола на тракцијата за да се погрижи дека силата при спирањето е соодветна.

GSX-R1000 концептот исто така има нов тркачки „quick shift“ систем.  Овој систем му овозможува на возачот да менува брзина без да го користи квачилото, и произведува беспрекорно забрзување. За брзо и лесно менување без да се притиска гаста или да се користи квачилото, системот автоматски ги отвара вентилите доволно долго за да се зголеми вртежниот момент и да се изедначи брзината на моторот.

Системот за старт му овозможува за возачот добро да стартува со тоа што автоматски го лимитира моторниот RPM и го оптимизира бројот на вртежи додека возачот ја држи гаста отворена.

gsxr 1000 2017 6

Електрика: Како и кај кокпитот на авионите, мултифунцкионалниот дисплеј на GSX-R1000 нема аналогни ниту механички делови. Конвенционалните информации, како брзината или температурата се прикажани заедно со податоците од напредниот електронски систем.  Но најдобро од се, интерфејсот е дизајниран  за да му помогне на возачот полесно да го контролира мотоциклот и неговите составни делови. Прилагодете го системот и возете.

GSX-R1000 концептот ги има првите LED светла на Сузуки. Ова јако светло е компактно, лесно и има облик кој одлично одговара на предниот дел. Ова светло му дава доза на класа на мотоциклот додека во исто време ја зголемува неговата видливост во сообраќајот.

Од Сузуки ветуваат дека новите LED светла и светлото на регистрацијата се комплетно нов дизајн.  Овој компактен, вертикален изглед на светлата го прави задниот дел на мотоциклот многу тенок, додека пак LED светлата трошат минимална енергија.

Возачите не можат да го заборават наследството кое настана од GSX-R линијата, која пак е настаната од MotoGP технологијата. GSX-R линијата одсекогаш била позната по тоа што ги комбинирала нискиот и среден број на вртежи со големата возбуда. Новиот GSX-R мотор е дизајниран да произведе вистински перформанси без да го жртвува бројот на вртежи.

Комбинацијата од системите Suzuki Racing VVT (SR-VVT), Suzuki Racing Finger follower valve train, Suzuki Exhaust Tuning-Alpha (SET-A) и Suzuki Top Feed Injector резултира во создавање на „Broad Power System“ кој е дизајниран да ја зголеми максималната брзина без да се намалат перформансите. Резултатот е навистина моќен, линеарна енергија и подобрено забрзување низ целиот опсег.

За крај, се надеваме дека во 2017 овој прекрасен модел ќе доживее сериско производство, единствената забелешка ја даваме на издувот на кој како да заборавиле дизајнерите и инженерите кои биле премногу зафатени со важните работи. Уживајте во видео презентацијата на новиот концепт на GSX-R 1000.

Back To Top